Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Забрана за собирање во Лос Анџелес поради заострената состојба

Поради се позаострената ситуација во Лос Анџелес, безбедносните власти издадоа наредба за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради се позаострената ситуација во Лос Анџелес, безбедносните власти издадоа наредба за забрана за собирање во центарот на градот. Центарот на Лос Анџелес мора веднаш да се расчисти, објави полицијата на платформата X. Соопштено е и дека на маргините на протестите во метрополата за време на викендот биле уапсени 56 лица. Шефот на полицијата Џим Мекдонел изјави: „Бројот на апсења досега не е ништо во споредба со она што допрва доаѓа“.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп испрати 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, по два дена изолирани судири меѓу федерални имиграциски агенти и демонстранти. Според федерални функционери, гардата ќе помага во операциите поврзани со засилените мерки на Трамп против илегалната имиграција. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ја обвинува администрацијата на Трамп за намерно провоцирање ескалација и кршење на важечките закони со цел да се прикаже како решителен претседател. Доналд Трамп предупреди дека нема да толерира да се плука кон американските војници.

Денеска стапи во сила забраната за влез во САД на државјани од 12 земји што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
Трамп ја најави забраната во средата, велејќи дека „мора да дејствува за да ја заштити националната безбедност и националниот интерес на Соединетите Држави и нејзиниот народ“.
Забраната целосно го ограничува влезот на државјани од Авганистан, Бурма, Чад, Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.
Патниците од Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела ќе бидат делумно ограничени, се додава во прогласот на Трамп.
Од Белата куќа велат дека некои од наведените земји имале „несоодветни процеси на скрининг и проверка, попречувајќи ја способноста на Америка да ги идентификува потенцијалните безбедносни закани пред влезот“.

Реклама