Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Бизнис

Повеќе сидникати во економско социјалниот совет – Законски измени за унапредување на работничките права

Со намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите ќе се овозможи поконструктивен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите ќе се овозможи поконструктивен дијалог во рамки на Економско социјалниот совет затоа што ќе може да учествува повеќе од еден синдикат.

Дел од синдикатите се надеваат дека предлог измените на  законот за работни односи кој што се во собраниска процедура ќе бидат изгласани во текот на следната недела и веднаш после тоа ќе се формира ЕСС и ќе продолжи дијалогот. Важно што поскоро да седнат на иста маса работодавачите, Владата и синдикатите за да продолжи дебатата за минималната плата, но и за останатите клучни теми како договорите на работниците особено за оние кои се на времено вработување …..

мислам овој потег што го направи Владата е добар, се надевам дека следната недела ќе помине законот и ќе се види кои синдикати уште се репрезентативни и се надевам во најскоро време ќе имаме ЕСС , ако се донесе следната недела веќе другата недела би требало да се одржи зошто има голема пауза, порача Марјан Ристески Претседател на КСОМ.

Реклама

Предлогот за намалување на репрезентативноста е резултат од разговорот помеѓу Владата и синдикатите со цел по транспарентна дебата посочи премиерот Христијан Мицкоски и не станува никаква политичка игра како што обвинува опозицијата за време на собраниската дебата.

Обвинувањата за време на собраниската дебата дека Владата со намалување на прагот на репрезентативност од 10 на 5 отсто сака да вклучи партиски синдикати во рамки на дијалогот не се логични затоа што многу е подобро кога повеќе синдикати се борат за правата на работниците, отколку само еден синдикат, сметаат од КСОМ.

Да го оформиме советот, да влеземе во советот, тогаш ќе видиме кој како ќе реагира, да оставиме да се формира ЕСС, да видиме кој како ќе дискутира, јас тврдам ако има повеќе синдикати ќе биде подобро за работниците, еден синдикат 30 години наназад видовте до кај сме доведени, рече Ристески.

Инаку, во пресрет на формирањето на ЕСС, синдикатот склучи меѓународен договор за соработка помеѓу синдикатите со братски синдикат од Србија од каде ќе црпи искуства за преговорите кои ќе следат и во однос минималната плата и колективните договори со владата и работодавачите

Се надеваме дека оваа соработка ќе биде долгорочна и заедно дека ќе работиме на подобрување на синдикалните односи помеѓу Република Македонија и Република Србија и ќе направиме се за да помогнеме на конфедерацијата во Македонија бидејќи соработуваме со останати меѓунорадни синдикати , порача Синиша Костиќ од самостоен синдикат за занаетчиство, услуги и претприемништво во Србија

Инаку, досега репрезентативен синдикат беше ССМ .Репрезентативноста истече во декември, а последната седница на економско-социјалниот совет се одржа во февруари.