Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Македонија меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа

Позитивните перформанси на македонската економија се показател дека проектираното ќе биде остварено.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Позитивните перформанси на македонската економија се показател дека проектираното ќе биде остварено. Растот на бруто домашниот производ односно продолжувањето на позитивниот тренд од втората половина од минатата година е потврда за политикие кои ги спроведува владата за стабилизација на економијата и старт на активностите кои ќе водат кон забрзување на економската активност. Ваквите бројки се поткрепа дека на среден рок растот ќе достигне ниво од над 4 отсто

Најголем придонес кон остварениот раст има убедливо поради солидното ниво на бруто инвестициите кои се зголемиле за дури 18%, како и одличните перформанси на градежништвото каде се очекува да продолжи позитивниот тренд благодарение на инвестицискиот циклус кој го планира Владата, како и во стручните, научните, техничките и административни дејности.

Владата ќе се стреми кон намалување на увозот, односно поддршка на преработувачката индустрија, пред се за стимул на домашното производство на храна .  Заложбата на владата е стабилна инфлација нешто на што се работи во контиунитет .

Реклама

Во меѓувреме во министерството за финансии се прекројува државната каса, и документот треба да се најде пред пратениците втора половина од јуни. Она што засега го соопшти Кочоска е дека инфлацијата нема да порасне.

Инаку економските резултати ја сместија Македонија на листата на петте земји со најдобар економски раст во Европа. Пред нас се Ирска, Данска, Полска , Литванија … Амбициите за забрзан раст Владата ги темели и на градежната експанзија на цела територија на Македонија со над 1200 локации за градење.