Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Научниците предупредуваат: Преспанското езеро може да исчезне пред крајот на 21 век ако не се преземат итни мерки

Научниците со црни сценарија за Преспанското езеро, доколку веднаш не се превземат …

Сподели:

Научниците со црни сценарија за Преспанското езеро, доколку веднаш не се превземат  мерки, второто по големина природно езеро во Македонија буквално ќе го снема-ќе изчезне пред крајот на 21 век, односно за помалку од 40-тина години.Овие поразителни предвидувања на науката доаѓаат по најновите истражувања кои говорат дека споредено со претходните 12 месеци,нивото на Преспанско е намалено за 55 сантиметри односно за цели 120 милиони кубни метри,што е повеќе од двојно од годишниот просек кога се губеле по 50 до 54 милиони кубни метри вода.

 “Ако направиме некаква средна вредност ако го пресметаме просекот кој што езерото го губело меѓу 1985 и 1995 тоа е критичниот период кога навистина многу се намали и во тој период опадна 5 метри, сега сме полошо од тоа.Tрендот на губење на вода конкретно оваа и минатата година е многу полош отколку трендот во тие црни години.Tака да ако не чека топло лето како што наjверојатно ќе биде, ситуацијата веројатно ќе биде многу пострашна,тоа се  нашите најцрни предвидувања”-вели д-р Надежда Апостолова-универзитетски професор во Валенсија

Според мерењата на УХМР,езерото иминативе две години стагнираше и во перид кога тоа обично се полни барем за 40-тина сантиметри од ноември до мај.Климатските промени, неповолната хидролошка состојба, испумпувањето на Преспанското езеро кон Охридското преку кастните канали под Галичица се дел од факторите за намалување на водостојот.Сепак главната причина за ваквата апокалиптична состојба,е човекот.Во услови кога пресушуваат дел од реките кои го полнат езерото,водата неконтролирано се користи за наводнување во трите дражави кои го делат:Македонија, Албанија и Грција.Не смееме да стоиме со скрстени раце, еден од начините за спас на Преспанско е да се донесе вода-вели професор Апостолова

Реклама

“ Не е невозможно само е доста потешко, требаат многу финансии, се бараат големи стручњаци кои теба да го смислат,меѓутоа не го сметам за неизводливо.Oсобено не се сложувам со луѓе кои што велат ,па како ќе донесем вода од некој друг слив.Па што е важно во случајов ние треба да го спасиме езерото. Во случајот немаме некои реки што можеме да ги пренасочиме, мора таа вода да биде од Вардарскиот слив или од каде ќе оди тоа треба да се види”-вели проф.др Апостолова

Друг излез за спас на Преспанско е затварање на барем половина од подводните понори во заливот во Албанија во близината на долна Горица и Пустец,но под услов да нема понатамошно намалување на врнежите и зголемување на испарувањето,како резултат на глобалното затоплување.Во спротивно со никава интервеција не би можеле да го соприме пресушувањето,но мора да се направат обиди Преспанско да не ја доживее судбината на десетици езера во светот,кои се во фаза на исчезнување. Сегашната состојба е многу загрижувачка затоа што од 1963 година, езерото изгубило 60 % од својот волумен,а квалитетот на водата е се полош .