Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Крпат заостанати дупки, владата се бори со наследениот хаос во патната инфраструктура низ државата

Патната инфраструктура е основен фактор за развој на економијата на државата,но во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патната инфраструктура е основен фактор за развој на економијата на државата,но во овој поглед Македонија со децении каска. Се вози по стари и небезбедни патишта кои дури сега интензивно почнуваат да се средуваат. Експертите ја поздравија брзата динамика на изградба на автопатот Кичево-Охрид.Но на власта и тежи и доизградба на Коридорот 10,кој што треба да поминува помеѓу Велес, Припел, Битола до Игуменица, тој дел воопшто не е направен.Плетват е тесно грло, а магистраланиот пат Битола-Охрид е во лоша состојба.И тоа е само еден пример.Кога временските услови се лоши, возачите се соочиваат со одрони,лизгави коловози и низа други опасности.

 “ Опасноста е присутна и затоа се потребни не само интервенти мерки, туку мора се оди на стратешки мерки.Сега е добро што имаме интервенти активности и проширувања и обележувања, но тоа е само интервенти.Мора да се седни и да се размислува стратеши, тоа е иднината на патната инфраструката на Охрид како туристичи центар” –вели Љупло Милкоски,аналитичар за безбедносни појави

И  57-те километри од автопатот Кичево-Охрид на кој интезивно се работи,а се гради цели 11 години требаше да биде готов во 2018-та.Ресорниот министер уверен дека до крај на идната година ќе се вози по нов автопат, а најдоцна до почетокот на  јули ќе биде пуштена во употреба делницата од Врбјани до Охрид со еден прекин кај селото Ботун.За таа цел сообраќајот се одвива по стариот пат.

Реклама

“Свесен сум дека за дел од луѓето тоа е сериозен проблем особено оние кои што патуваат на фреквенција Охрид-Струга но тоа е единствениот начин да го завршиме автопатот и е за добро за бенефит на сите  знаете дека пред неколку години беше затворен и ништо не се случи,сега го затвараме за да го завршиме”-вели Александар Николоски,министер за транспорт и врски

Патната инфраструктура допрва треба да се развива,само на тој начин ќе имаме поефикасен, побезбеден превоз ипомалку сообраќајни незгоди, истакнуваат експертите. 

 “Во стручната и научната фела сеуште постојат недоумици дали ни требаат нови патишта или одржување на постојните тоа се две прашања различни.Јас ако лично ме прашате сакам да има нови патишта, посебно нови автопатишта да ја поврзат државата со околните држави значи регонот да биде поврзан, а исто така процесот на одрживање да не застанува” -вели Данчевска Технички факултет Битола

Не помалку важни се и локалните и регионални патишта ,но сите општини не се еднакво економски силни затоа е добро да се здружуваат на регионално ниво.Само така ќе успеат заеднички да ја подобрат патната инфраструктира-оценуваат експертите.