Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Болниците почнаа да се екипираат со млад кадар – во Охрид седум приватни специјализанти добија решенија

Охридската општа болница од која само во изминативе 8 месеци заминаа 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридската општа болница од која само во изминативе 8 месеци заминаа 10 лекари, почна да се екипира со млад кадар, седум приватни специјалисти добија решенија за работа и можност својата кариера да ја градат дома. Ги прашавме што е она што ги мотивира да се вратат во родниот град,бидејќи голем број нивни колеги после долгите студии,демотивирани и разочарани заминуваат надвор од границите на нашата држава.

 “Пред се самиот надоместок на плата, меѓутоа и самото тоа што повеќето специјализанти, колеги чекаат и како општи лекари пред се да започат специјализација, па потоа во текот на специјализацијата самиот надоместок е основна минимална плата.Има дел колеги кои размислуваат за надвор од дражавата меѓутоа повеќето колеги би сакале да останат тука и ме радува тоа што повеќето колеги сакаат да се вратат во градовите од каде што потекнуваат”-вели Тедора Настоска-специјализант по гинекологија

Младиот доктот Јован Поп Стефанија е спејализант по педијатрија за кого предзвик ќе биде работењето на педијатрискотот одделние коене работи 4 години ,дежурста сеуште нема,одделението се потпира на тројца млади специјализанти кои работат само амбулантски прегледи до 20 часот.

Реклама

Знаете дека пред да заминат нашите колеги на специјализација 15 години не бил пуштен педијатар на специјализација.Не може педијатар да се роди преку ноќ, треба 5 години специјализација, па да стекне некое искуство во работата.Се надевам дека со тек на време ќе се надминат сите тие проблеми”-вели Јован Поп Стефанија-специјалист по педијатрија

Директорот на болницата најави дека ова летоконечно на педијатрија ќе има 24 часовна работна смена.Проблемот кој се занемарувал со децении не може да се надмине преку ноќ.

 “Една од најголемите причини е лошата кадровска политика која што се водела во текот на годините, а нормално и иселувањет на младите колеги од разни причини.Дефицитот колку толку ќе се пополни, нема да се задоволи во никој случај, меѓутоа јас верувам затоа што имаме и доста специјализанти кои што се пуштени од самата установа”–вели д-р Горан Маркоски директор на општа болница Охрид

Во охридската болница која некогаш броела 600 вработени од кои 80 лекари, сега има само 56 специјализанти. За целосно екипирање на болницата ќе бидат потребни две до три години.Инаку со одлуката на Владата сега ќе се вработат 300 приватни специјализанти во сите болници низ државава и уште толку во месец ноември.