Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Ќе го замени ли вештачката интелигенција човечкиот фактор во новинарството

Вештачката интегенција седна во скутот на медумските магнати не само во светот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интегенција седна во скутот на медумските магнати не само во светот, туку и во регинот. Новинарските редакциите се празнат,вештачката интелегенција е толку пристуна во одредени земји од опкружањето што се користи дури и за пишување на текстови.Ова го наметнува прашањето  дали вештачката интелегенција може да ја замени новинарската професија?

 “Се плашам дека сопствениците на медумите мислат дека може и дека тоа во иднина ќе биде уште поголем проблем за новинарите.Ќе постојат обиди нивната работа да се замени со вештачки роботи односно интелегенција и тоа ќе доведе до сериозни проблеми во новинарството.И така сме прилично слабо платени и потценети и све помалку потребни.Се повеќе има отпуштања,константно се намалува бројот на новинари во редакциите” –вели Гордана Новаковиќ-генерален секретар на Советот за печат во Србија

” Зависно од тоа што сакате да постигнете. Доколку сакате квантитет на вести без квалитет,се разбира, вештачката интелегенција може да го замени новинарството. Но доколку сакате да продуцирате квалитетни информации, мора да ги направите сами, затоа што и самата вештачка интелегенција не е безгрешна.Таа може да произведе стереотипи, погрешни наводи, информации што збунуваат и содржини што погрешно насочуваат”-вели Лоренс Диригс,универзитетски професор

Реклама

Македонија пак никогаш нема да остане без новинари, оти кај нас кој стигна заврши во новинарството до таа мера, што ја надмудрува дури и вештачката интелегенција.

 “ Тоа што кој како стигна заврши во новинарството односно луѓе што немаат никаква допирна точка се сметаат себе си како медиумски работници или новинари затоа што стојат зад одредени онлајн портали, јас го гледам во еден голем недостаток во изборниот законик во земјава кој охрабува множење како печурки да растат нови и нови онлајн медиуми само за да можат да апицираат за пари од изборните кампањи за рекламирање на политичките партии”-вели Билјана Георгиевска-извршен директор на Советот за етика на Македонија

Во Македонија мора да се направи ред,наместо препишувачи на соопштенија и индивуалци кои си играат медиуми,медиумскиот прстор да го пополнуваат професионалци а крајниот збор во креирањето на содржините да го има уредникот,новинарот- човек, а не вештачка интелегенција.Советите за етика во медуимите од Западен Балкан донесоа декларација којнедостасуваше  во кодексот на новинарите на Македонија за употреба на вештачката интелегенција.

https://www.youtube.com/watch?v=tL1fnNAGXAY