Реклама
Бизнис

Ебор ја пофали Mакедонија за напредокот во реформите и зелената транзиција

Македонија има значителен напредок во однос на структрните реформи, развојот на индустријата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има значителен напредок во однос на структрните реформи, развојот на индустријата, во зелената транзиција но сеуште има пречки со кои државата треба да се справи за напредок на индустриските политики, се вели во извештајот на ЕБОР за 2024-2025 та година.

Од ЕБОР посочуваат дека Македонија направила импресивен чекор и во пристапот до финансии. Она што го посочуваат како проблем е одливот на кадар, во што планираат да вложат во иднина. Посочено е дека треба да се креираат политики за зголемување на конкурентноста и продуктивноста.

Од ЕБОР ја намалија проекцијата за економски раст на 2.6 отсто како последица на царините кои ги најави администрацијата на Трамп. Во Македонија не се очекува директно влијание, но причината за ревидирање е поради влијанието кое царините ќе го имат во автомобилската индустрија.

Реклама

Ваквото влијание на еврозоната ќе се рефлектира и на големиот број македонски компании коишто произведуваат автомобилски делови.  Таквото влијание ќе се случи доколку овие тарифи не бидат ревидирани или намалени во иднина. Има голема несигурност на меѓународно ниво и би било подобро докулку се постигне овие тарифи да бидат намалени…., рече Питер Табак  – Главен регионален економист во ЕБОР

Македонија направи импресивен чекор во нејзината зелена транзиција, развој на инфраструктура, и зголемување на пристапот до финансии за деловните активности и поединците.. Стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија за периодот 2025 – 2030 година која беше усвоена овој месец, има јасни приоритети за регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и зајакнување на поконкурентна и инклузивна економија. Како е истакнато во Извештајот за транзицијата 2024-2025 година Навигација во индустриските политики, истите може да играат критична улога во обликување на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата, рече Фатих Туркеменоглу –  Претставник на ЕБОР во Македонија

Според извештајот од Европската банка за обнова и развој Македонија добива висока оценка за интеграцијата, односно забележливо е високото ниво на странски директни инвестиции, но она што е забележано е ниската активност на домашните компании. Според гувернерката, ТИРЗ имаат значителна улога во отворањето на работни места и зголемувањето на продуктивноста, но потребно е да се вклучат повеќе домашните компании

Тие привлекле над 1 милијарда евра во кумулативни директни странски инвестиции во изминатата деценија, сочинуваат околу 50% од вкупниот извоз и претставуваат резиденти на некои од најпродуктивните фирми во земјата. Очигледно е дека овие компании , согласно проценките на Народна Банка , имаат позитивни ефекти врз билансот на плаќања, генерирајќи нето девизен прилив од 17,8% од БДП во периодот 2014-2023 година. Но, придобивките можат да бидат поголеми ако трансферот на знаење, технолошката дифузија и врските помеѓу странските инвеститори и локалните бизниси се зајакнат. Моментално се проценува дека фирми кои работат во зоните користат само околу 10% од нивните потреби, ги користат од македонските локални претпријатија.” – рече Ангелоска Бежоска

Инаку од ЕБОР  имаат инвестирано над 2.9 милијарда евра во Македонија во 198 проекти. Тие открија дека го потпишале најголемиот заем за македонска компанија, а деталите ќе бидат откриени наскоро.