Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Амбасадорот Метју Лосон: Со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство!

„Со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство – значајна надградба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство – значајна надградба на нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и продлабочување на трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада со влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, објави британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон

По средбата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер во Тирана, на која беше постигната согласност за договор за стратегиско партнерство помеѓу двете земји, британскиот амбасадор во  Македонија, Метју Лосон, најави дека договорот на ниво на влади ќе биде потпишан следната недела во Лондон.

„По клучната средба меѓу премиерот Кир Стармер и премиерот Христијан Мицкоски на денешниот самит на Европската политичка заедница во Тирана, со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство – значајна надградба на нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и продлабочување на трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада со влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, најави Лосон во објава на официјалната фејсбук-страница на британската амбасада во Скопје.

Реклама

За исходот од средбата Мицкоски-Стармер претходно денеска објави и владата на Обединетото Кралство. Во објавата на веб-страницата на британската влада се наведува дека со партнерството меѓу двете земји ќе се стави акцент на меѓусебните пријателски односи и дека ќе ја сигнализира намерата за поблиска соработка во однос на заедничките предизвици вклучувајќи ги економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста.