Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Трагедијата во Кочани е сериозен тест за македонското правосудство

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија, пожарот во Кочани кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија, пожарот во Кочани кој однесе 62 млади животи e сериозен тест за целиот правосуден систем.До правда не се доаѓа преку ноќ, иако во оваа фаза од постапката неблагодарно е да се коментира но и после 2 месеци сеуште сме на почеток, динамиката ја определува обвинителството.Она што е многу значајно е правната процедура да се спроведува без нити една забелешка.Процесот се одвива под будното око на стручната и на целокупната македонска јавност и мора  да добие соодветна правна разрешница-укажуваат еминентни универзитетски професори.

 “Целиот правосуден систем постојано е на тест,оценките за правосудниот систем се тие што ги знаеме и ова е можеби, би кажал последна шанса правосудниот систем да испорача правда која што ќе биде правично засновата на факти на докази засновата на законските решенија во Македонија”-вели Деан Мицковиќ,универзитетски професор-Скопје

Од обвнителството се огласија дека истагата за овој тежок и комплексен случај со 60-тина осомничени,мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до средината на месец јуни.Но добрите познавачи на правото ценат дека треба да се водат поделени судски процеси.На пример едни да седнат на обвинителна клупа за издавање на лажни лиценци,други за примање мито,трети за други кривични дела.

Реклама

“Мислам со 50-60 обвинети ако има тоа ми личи на змиско око,јас мислам дека мора да се поделат обвинетите и во зависност кое дело го сториле така и да се одвива судењето со цел да биде ефикасно и брзо да се донесе решение.Инаку тоа ќе се развлече, 50 обвинети еден адвокат да не дојде па ќе се одлага.Знаете каква е судската пракса, сме имале стотици вакви големи случаи”  вели Борче Давитковски-пензиониран универзитетски професор

Ужасот од трагедијата во Кочани предизвика колективен шок кај секој поединец не само кај нас туку и во регионот.Родителите на загинатите во пожарот организираат протестни маршеви.

 “Народот излегува на улица тогаш кога институциите не работат и тоа е еден крик на заедницата.Иституциите мора да се огласат за начинот на утрдување на одговорноста, бидејќи само така ќе покажеме дека сме зрели како општество” –вели Предраг Цветковиќ,универзитетски професор од Србија

Целата нација е трауматизирана и засегната на одреден начин,државата и институциите превземаат мерки се со цел да на секој начин да им се помогне на семјествата на настраданите и повредените во пожарот.