Реклама
Прилози

Струшката депонија стигна до Стразбур

Струшката дива депонија стигна во Европскиот суд за човекови права.Граѓанските активисти правдата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшката дива депонија стигна во Европскиот суд за човекови права.Граѓанските активисти правдата ја бараат во Стразбур,откако цели 4 години судовите се прогласуваа за ненадлежни и го шетаа предметот за на крај да ја отрфлат тужбата против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ поради непревземање мерки за справување со депонијата која ги труе 18 години.Mакедонските судови не само што не покажаа доволен капацитет да одлучуваат по вака битни прашања за заштита на јавниот интерес на граѓаните,туку несоодвено и неаргументирано ја отфрлија тужбата. Неможе никој да не е надлежен за нелегална депонија и енормно загадување на животна срединавелат младите правници

 Одлуката на домашните судови да се огласат за ненадлежни по однос на решавање на ова прашање претставува разочарувачка одлука.Ние доставивме обемна пракса од страна на Европскиот суд за човекови права,во која што еклатантно е наведено дека решавањето на спорни прашања од областа на заштита на животна средина како што е тоа во конкретниот случај и тоа како спаѓа во судска надлежност на домашните судови-вели Глигорие Ќатоски,адвокат

Апликацијата до Евроскиот суд за човекови права е поднесена од страна на едно физичко лице кое живее во непосредна близина на депонијата и постојано изложено на загадување, како и Македонското здружение на млади правници.Тие имаат иницирано и други судски случаи поради системско неспроведување на македонските закони од областа на животната средина.

Реклама

Идејата на здружението е секогаш кога било која домашна постапка пред националните судови нема да успее, да се оди токму пред Европскиот суд за човекови права поради тоа што сметаме дека само на тој начин може да се операционализираат и во државата сите оние стандаради кои самиот суд за човекови права веќе во повеќе пресуди ги воспоставил во оваа област”-вели Бојан Трпевски,Македонско здружение на млади правници

Во тужбата меѓудругото е наведено дека депонијата е лоцирана во близина на Охридското Езеро кое е светско природно наследство и секојдневно загадува воздух, почва и подземни води со над 40.000 тони отпад годишно.Доколку Стразбур ја прифати тужбата,Европскиот суд за човекови права може да побара повторување на постапката пред домашните судови кои овој пат не ќе можат да се извлекуваат, прогласувајќи се за ненадлежни.