Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Се „ситни„ наставниот кадар во општина Струга, просветни работници „нема ни за лек„

Се ситни наставниот кадар во Општина Струга,просветни работници нема ни за лек.Дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се ситни наставниот кадар во Општина Струга,просветни работници нема ни за лек.Дел се пензионираат, некои користат одмори или боледувања а не е мал бројот на оние кои земаат и неплатени одмори. Секој нареден месец во Центарот за враборување за 30 до 40% се зголемува бројот на барањата за ангажирање на професори.

 “Во последно време има еден феномен на зголемувања на барањата за наставен кадар. Што се однесувања на барањата од страна на школите за замена на наставниците бидејќи во последно време наставниците користат неплатени одмори или боледувања со тоа што се зголемува барањето за замена на наставниците.”-вели Елвадина Дика-Директор на Ценар за враборување

На пазарот на труд се бараат професори и по природни и по општествени науки.Нема кој да предава математика, информатика,физика,хемија, биологија,потоа историја, географија,геодезија и други стручни предмети,па дури и физичко воспитување.

Реклама

“Разгледувајќи го фактот дека во последно време имаме дефицитарен кадар по стручни предмети и воопшто одделенски наставници се наоѓаме во еден лавиринт заедно со директорите на школите.Со кратки зборови можам да речам дека недостасуваат наставници “-вели Дика

Во одредени средини во струшко неретко се ангажираат професори кои немаат соодветно образование,некои од нив поставувајќи ги дури и на одговорни функции. Токму поради незаконското поставување на директори во основните училишта,одговара стушкиот градоначник.Во училиште во Подгорци Мерко во два наврати именувал директори без соодветно образование.Првиот пат училиштето допуштил да го води ветеринарен техничар,а потоа за директор на образовата институција именувал библиотекар.Мерко на обвнителна клупа го седна и Егзона Шеи која едно по друго во два мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во основното училиште во Велешта иако не ги исполнувала условите како во поглед на потребното работно искуство така и во поглед на нејзиното образование. Иако немала завршено високо образование,била примена на работа и со средно образование држела настава по франциски јазик.

Против Мерко веќе се водат судски процеси за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветни директори на 6 училишта.