Во Македонија ќе се произведува бела техника. Инвестицијата која ја најави премиерот и треба да стартува за помалку од две недели а ќе отвори над 200 работни места ќе биде лоцирана во скопскиот регион најави премиерот Мицкоски.
„Да најавивме нова инвестиција којашто ќе се случи за 10 до 12 дена од денеска, неколку десетици милиони евра и повеќе од двестe вработени. Целосно ќе биде производството наменето за извоз на бела техника, значајно ќе учествува во бруто домашниот производ, рече Мицкоски.
Не е само оваа инвестиција која ќе се реализира за краток период. На крајот на следниот месец треба да се „удрат“ темелите и на инвестицијата која Владата ја најави на стартот на мандатот. Станува збор за ветерен парк на територијата помеѓу три општини Карбинци, Штип и Радовиш чија изградба ќе чини половина милијарда домалри со производствен капацитет од еден терават електрична енергија. Покрај ова, во штипскиот регион се работи на уште три инвестиции, односно две нови и проширување на веќе една постоечка.

. И истовремено, сакам да ги информирам штипјани и луѓето од околината на Штип, дека работиме на две и проширување на една, на три инвестиции во зоната овде во Штип. И мислам дека многу скоро, денеска ќе има убави вести за граѓаните на Штип и околината и за овие две со проширувањето, би рекол три инвестиции. Вкупно, сумарно ќе биде околу илјада и повеќе од илјада нови вработувања и неколку стотици милиони евра.“
Премиерот е задоволен што владините политики даваат резултати. Буџетот е во добра кондиција, јавниот долг е намален, инфлацијата е стабилизирана, што создфава услови за засилување на економскиот раст. Мицкоски е оптимист дека до крајот на годинава растот на економијата ќе ги надмине проекциите на меѓународните финансиски институции. Поттик за растот ќе бидат и инвестицииските проекти во општините од над 250 милиони евра, за што наредниот месец ќе има и прераспределба на средства од државната каса:
Логично е да помине една ваква прерсрапределба, за да може општините во нивни рамки да направат ребаланс, за да распишат тендери и да изберат иведувачи и да тргнат проектите.Што се однесува до ребалансот, знаете дека годинава имаме локални избори и логично е да имаме барем еднаш во годината ребаланс. Лани тоа беше кон крајот на јули. Годинава ќе биде проблематично бидејќи ќе се распишат локалните избори и најверојатно ќе биде кон крајот на јуни. Се уште не е направена анализа и кога ќе биде готова ќе се излезе пред пратениците. Она што е важно е дека мерките на Владата даваат резултати и два месеци имаме негативна инфлација, имаме раст на производството, се најавуваат нови странски инвестиции и имаме позитивна бројка на извозот во првото тромесечје – рече Мицкоски.
Минатата година беше рекордна во делот на уинвестициите кои достигнаа една милијарда и дветсе педесет милиони евра. Овој тренд продолжува и допрва според очекувањата треба да засили. Според податоците за првиот квартал јавниот долг е намален за 4,7 проценти поени споредено со крајот на минатата година. За само три месеци, јавниот долг забележал пад од 62,4% на 57,7% од БДП.
