Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Во последните 5 години од Македонија се иселиле околу 60.000 млади,а истражувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните 5 години од Македонија се иселиле околу 60.000 млади,а истражувањата покажуваат дека секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат на студии во странство.Начесто ги бираат земјите членки на ЕУ,посебно Словенија која за идните академци стана ветена земја.Ги прашавме средношколците зошто според нив врсниците им заминуваат надвор на школување и дали тие би ја напуштиле Македонија ?

-“ Па искрено размислуваат доста меѓутоа се трудам да ги убедам бидејќи имаме доста можности; -Не многу предобри ама не се ни лоши,јас лично одличен ученик сум, но во 4 години сите години аплицирав не добив ни еднаш стипендија и плус сум државен првак во мојата струка машински техничар;-Сега за сега размислувам да си продолжам во Скопје да си го продолжам моето студирање на Машински факултет”

Иако бројот на студени во однос на период од пред 20-30 години е многу намален, универзитетските професори велат причина за тоа е намалениот наталитет и иселувањето на цели семејства.

Реклама

 “Ако видиме и бројот на ученици ни се намалува,генерално едни се иселуваат од почетокот на една школска година до крајот на другата школска година во некои градови дури пола класови се отселуваат”-вели  Александра Силоска Николова –универзитетски професор

Ако индустријата се појача што зависи главно од политиката на нашата држава, ќе се појача интересот за студирање дали на машински,електро или на другите факултети”-вели доцент Александар Герасимоски

Државата и универзитетите прават огромни напори да ги задржат студентите дома,бидејќи нашите дипломи се меѓународно признати,а квалитетот на обрзованието не заостанува зад другите земји.

 “Станува можеби збор за некој моментален тренд и помодарство кај младите, во контакт со колеги од другиве држави, не станува збор само за македонските студенти тој тренд е широко распростанет кај други каде,каде поразвиени западно европски земји од нас”-вели Билјана Ристаќовска Ширговска,асистент

Сепак дел од оние кои заминале не купиле билет во еден правец, добар дел од нив се вратиле и сега градат успешна кариера во нашата земја.

Можеби заради престиж на тие универзитети, чисто да видат како е,имаме доста и што се враќаат назад”-вели Александар Карадимче,универизитетски професор

 “Еве пример јас магистрирав во странство во Италија и се вратив тука и сега работам на факултетот” -вели Дамјан Пециоски,асистент

Никогаш не бо заминал од Македонија бидејќи овде може да се напредува,нашиот образовен систем овозможувапроширување на видиците на секој кој што сака да твори и создава за ова парче земја, велат нашите соговорници.