Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Порака од Брисел: Македонија е тажна приказна

Македонија тажна евроинтегративна приказна, ако Украина чека како нас преговорите за членство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија тажна евроинтегративна приказна, ако Украина чека како нас преговорите за членство ќе ги започне за 20 години. Оваа порака директно ја испрати еврокомесарката проширување Марта Кос, ставајќи паралела на нашиот и патот на Киев кон Европската Унија. Според неа постојат неколку тажни приказни во евроинтеграциите, а меѓу нив е и државава, чија пречка на патот кон ЕУ во моментов се бугарските услови.

-Значи, регионот беше од некои аспекти подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две многу тажни приказни или три. Една од нив е Косово што не може да продолжи понатаму. Уште една тажна приказна е Македонија. Ако чекаме со Украина додека Македонија да ги почне преговорите, Украина ќе ги почне преговорите во 2045-та. И, се разбира тоа е Босна, изјави Кос.

Македонија активно работи на откочување на евроинтеграциите, но на својот пат за жал ги има бугарските услови. По се изгледа бадијала се пораките кои токму Кос ни ги испрати, дека сме меѓу најдобрите во спроведувањето на реформи, кога билатералните спорови ни се пречка на европскиот пат. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски вели дека се во секојдневна комуникација со официјална Софија, но за жал од таму нема позитивни повратни сигнали. Тој повика евроинтегративниот пат на Македонија да се оценува по основ на исполнувањата, односно мерит системот, а билатералните прашања да престанат да бидат пречка.

Реклама

-Нашата посветеност кон евроинтеграцијата треба да престане да се мери по капациетот на отстапките на било која Влада во оваа држава по однос на национални прашања, ако некој така сака да ја мери нашата посветеност европската интеграција, тогаш тој не разбира што е евроинтеграција. Европската интеграција е владеење на право, европската интеграција е борба против корупција и тука како што кажа и самата комесарка Кос сме една од најдобрите, веројатно и најдобрата, изјави Муцунски.

Власта во Македонија има јасен план во однос на евроинтеграциите, се бара уставните измени односно внесувањето на бугарското малцинство во Уставот да биде имплементирано при ратификацијата на членството на државава во ЕУ, со цел низ преговарачкиот процес да нема нови уцени и условувања од источниот сосед.

Матеја Петровски