Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Повик за оставка на Димитровска поради случајот „Адитив“

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, побара итна оставка од актуелната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, побара итна оставка од актуелната претседателка Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“. Според Ивановска, институцијата претрпела сериозен удар, а одговорноста треба веднаш да се преземе.

„Ова не е време за седење со скрстени раце. Собранието е на потег“, изјави Ивановска, повикувајќи на внатрешна проценка на ризици од корупција и зголемување на интегритетот во Комисијата.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека ќе се воздржат од прерани коментари, но доколку наводите се потврдат во судска постапка, ќе се иницира разрешување на Димитровска.

Реклама

И поранешниот член на Комисијата, Владимир Георгиев, смета дека вината е индивидуална, но случајот влијае негативно врз угледот на институцијата. „Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи“, истакна Георгиев.

Сличен став има и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој рече дека не гледа основа за колективна одговорност, но оценува дека е непримерно Димитровска да остане на функцијата додека трае истрагата.

Од Антикорупциската комисија уверуваат дека ќе продолжат да работат со целосна транспарентност и соработка со институциите.

Истрагата во случајот „Адитив“ се однесува на злоупотреби при јавни набавки на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинителството товари 31 физичко и 5 правни лица за перење пари и изигрување на набавките преку пререгистрација на фирми.