Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сиљановска Давкова: Уставните судии да се држат до Уставот при оценката на Законот за јазиците

Предметот за Законот за употреба на јазиците е составен од 13 иницијативи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предметот за Законот за употреба на јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓански групи, политички партии и здруженија, оформен во 2019 година, а стана актуелен по забелешките на Венецијанската комисија. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прашана која е нејзината порака за уставните судии при носењето одлука за Законот за употреба на јазиците, истакна дека „треба да се држат до Уставот и нема да згрешат“.

„Не сакам да влијаам врз Уставниот суд, но еве една генерална препорака – да се држат до Уставот, да го бранат Уставот, да бидат храбри, да се држат, исто така, до ‘amicus curiae’ на Венецијанската комисија и така нема да згрешат. Да се апстрахираат од политичарите кога ќе одлучуваат“, изјави Сиљановска Давкова.

Уставниот суд во декември минатата година одлучи да одржи подготвителна седница за расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. Седницата беше закажана за 20 март, но беше одложена поради несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и треба дополнително да биде закажана.

Реклама

Како што информираше претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинари, на подготвителната седница која ќе се емитува во живо се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што нашиот суд го побара од Венецијанската комисија, како и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците.

Претседателот дополни дека на седницата ќе се зборува само за материјалното право, бидејќи формалниот дел на уставноста е веќе апсолвиран. Станува збор за Указот за Законот за јазици за кој беше одржана подготвителна седница во 2021 година.

Предметот за Законот за јазиците вклучува 13 иницијативи од различни граѓански групи, политички партии и здруженија, оформен во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. Уставниот суд има можност да ги отфрли иницијативите, да поведе постапка за целосното разгледување на законот или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, Васко Лазески, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски. По одржувањето на подготвителната седница, судијата известител има рок од шест месеци да подготви реферат за предметот.