Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Дислокација на стотици клими во Охрид – строги забелешки на УНЕСКО

Стотици сончеви колектори,фотоволтаични уреди, клима уредии други несоодветни инсталации на комерцијални рекламни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотици сончеви колектори,фотоволтаични уреди, клима уредии други несоодветни инсталации на комерцијални рекламни паноа и светлечки реклами треба да се отстранат во градот под Самиловите кули.Охридскиот Завод и музеј изготви точна евиденција,според која во стариот дел на Охрид како и централното градско подрачје вакви уреди се поставени на вкупно 561 објект.Најмногу,односно половина од нив се поставени во урбаниот комплекс од чаршијата па се до Чинарот.

Првиот човек на установата укажува дека рокот за нивно отстранување се ситни,а забешеките на Унеско во однос на заштитата на старото гратско јадро се ригорозни. Ако не сакаат да платат казни,охридските семејства треба да ги отстранат или да ги или да ги сокријат, да не се гледаат. Сепак најголем проблем се вели соларните панели и сончевите колектори.

 Мислам дека следната мисија на Унеско повторно ќе го постави тоа прашање и во најскоро време треба да се најде некое соодветно решение.Нашите ингеренции завршија со нивната евиденција,направивме евиденција, приоритети и сега понатака другите институции треба да мислат како тие ќе се отстранат“, вели Горан Патчев – директор на Завод и музеј Охрид

Реклама

 Објектите кои претставуваат заштитените културни добра од непроценлива вредност мора да бидат климатизирани,вели Патчев затоа ќе се бара начин да бидат соодветно дислоцирани. И вработените во националната установа “Завод и музеј” сред летна жега, ќе мора да се препотуваат оти на објектот има околу десетина клима уреди.

Доколку овие уреди ги нема во проектите,значи дека станува збор за нелегално поставена опрема.Реагираат и граѓанските активисти, во стариот дел од градот велат не се проблем само стотиците спорни уреди, туку и бесправно изградените настрешница и поткровја.Ова се проблеми кои се провлекуваат со години.

 Надворешниот дел на фасадата не наликува на старата охридска архитектура туку и разни панели се поставуваат, разладни апарати веќе покривот не е соодветен како што требал да биде.Исто и канделабрите  ретко каде во стариот дел на градот ќе сретнете нешто што асоцира на старо, исто така поплочувањето на старите гратски улици не оди како што треба”, вели Ванчо Стојаноски, граѓански активист

Инаку од Заводот и музеј уште пред две години извршиле инспекциски надзор,по што Управата за заштита на културно наследство изготвила решенија изрекувајќи им и казни.Не помогна нити прирачник  кој го добиле од надлежните институции со упатства како да се однесуваат кон културното наследство.