Реклама
Прилози

Измени во Законот за ловство: Концeсии за ловиштата и проекти за заштита на природата

Поголем дел од ловиштата низ државата се без концесионери и дивечот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголем дел од ловиштата низ државата се без концесионери и дивечот во нив е оставен на милост и немилост на ловокрадците. Со измените во актуелниот Закон за дивеч и ловство, ќе се направат суштински реформи, со кои македонското законодавство, ќе се усогласи со европското, порача претседателот на Ловечката федерација на Македонија, Влатко Алексовски, на Свечената академија, во Штип,  со која Федерацијата одбелжа 79години  од своето постоење.

„И конечно сите ловишта ќе бидат доделени на користење во наредните 20години. Веднаш потоа ќе налеземе во еден период во кој ќе се фокусираме на проекти во функција на унапредување на ловството, директна финансиска помош и вложувања во ловиштата, изградба на ловотехнички објекти, населување на дивеч и заштита на животната средина„ изјави Влатко Алексовски, претседател на Ловечката федерација на Македонија.

Законот е во собраниска процедура и со него ќе се прецизираат многу работи, кои претходно не биле дефинирани, истакна министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски

Реклама

„Законот е во собраниска процедура и очекувам во наредната недела или две да ја помине процедурата и веќе ќе има можност да се објават и оние повици за доделување на ловиштата ширум Македонија, се со цел да ги ставиме во полна функција. Во овој вакум период министерството, ги има доделено на одгледување и заштита ловиштата, меѓутоа со ставање во концесија на оние што ќе бидат избрани, ќе се воспостави еден систем за следливост и контрола во делот на ловството во Македонија„ изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Во изминатиот период е воведено електронско аплицирање за изддавање на одобренија за набавка на оружје, а во иднина се планира и нов Закон за оружје, истакна министерот Тошковски, кој  заедно со Трипуновски присуствуваа на манифестацијата

Штипскиот регион, важи за сериозен ловечки центар. Пред неколку години во лов на диви свињи беше и познатиот фудбалер Златан Ибрахимович. Токму од Штип започна и манифестацијата „Денови на македонското ловство„ кадешто беа изложени  над стотина трофеи и ловечки експонати.

„Ние во Штип имаме Здружение на ловци, кое функционира и брои над 500членови. Имаме прекрасна соработка и општината е секогаш овде да даде поддршка на здруженијата, поготово на ловците затоа што преку овие настани тие, ќе се потрудат пред јавмоста да го презентираат значењето на ловот и врската што ловците ја имаат со природата„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

На свечената академија, беа  додели признанија и плакети, а на изложбата,  како вид на лов беше преставено соколарството. Утринава во ловиштата на штипското здружение „Ловец„ беше извршено населување на фазански дивеч.