Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Засилени инспекциски контроли по локалите во Охрид, од Црвен Крст бараат да се врати бродот-амбуланта

Да се затворат сите угостителски објекти вдолж охридско- струшкото крајбрежје,кои не ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се затворат сите угостителски објекти вдолж охридско- струшкото крајбрежје,кои не ги исполнуваат минимално техничките услови за работа,социјалните мрежи вријат,граѓаните бараат безбедност на капалиштата.Вонредните инспекциски надзори покажаа дека над триесет угостителски објекти не ги исполнувале во целост потребните минимално технички услови за работа.Од нив,неправилности биле воочени кај 8 угостителските објекти лоцирани на плажите во Струга и 4 на охридските плажи.

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија,катастрофалниот пожарот во Кочани кој однесе 62 млади животи,треба да не освести дека безбедноста на луѓето не трпи импровизации,во нити еден сегмент вели Сашо Точков од охридскот Црвен крст.

 “Импровизации не е пожелно да се прават во било кои ситуации каде што се работи за безбедност на луѓе и лица, токму затоа и кажувам дека првата помош е многу битна не само како што бешо порано во дел здравствени организации, само да се потпише уверението за прва помош.Да се дојде, да се научи, да се знае што е реанимација да се научи како се користи дефибрилаторот а не да се импровизита бев на час имам уверение а ништо не сте научиле, тоа ригорозно го спроведуваме”-вели Сашо Точков-Црвен крст Охрид

Реклама

Охридскиот центар за безбедност на вода кој  прераснува во регионален и е на ниво на врвните организации во целиот свет, особено во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи,петта година е без бродот амбуланта. 

 “Да апсолутно,веќе 5 години го немаме го оставивме како споменик во каналот да видат институциите колку беше потребно за интервенциите кои што ги имавме.Но имаме добра соработка со дел од европските земји и се надевам дека многу скоро ќе имаме”-вели Точков

,Бродот амбулатна прв пар заплови во 2011-та и беше единствен од ваков вид во Македонија. Многу е важно вели Точков,еден туристички центар како Охрид  да има на располагање брз брод амбуланта комбиниран со противпожарна опрема.

Инаку засилени инспекциски контрило бе извршеи и на пловните објекти во Охридското Езеро.Констатирани се 18 прекршоци на чамци и тоа за ноќно пловење, непоседување уверение за управувач на чамец, неистакната регистарска ознака а еден катамаран е казнет за претовар на патници. Бродови, се технички исправни,поседуваат хидрантска мрежа, ПП апарати и навигација.Покрај бројните инциденти со опожарени пловила, Охрид ја памети и најголемата бродска несреќа и потонувањето на бродот „Илинден“ во 2009-та кога загинаа 15 туристи.