Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на министерката Јаневска со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одржа работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одржа работна средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти, на која се разговараше за тековните и идните активности на државата во насока на унапредување на човековите права во образованието, со фокус на пристапот до образование за учениците и студентите Роми и елиминација на дискриминацијата и сегрегацијата.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одржа работна средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти, на која се разговараше за тековните и идните активности на државата во насока на унапредување на човековите права во образованието, со фокус на пристапот до образование за учениците и студентите Роми и елиминација на дискриминацијата и сегрегацијата.

Јаневска истакна дека министерството работи активно на вклучување на Ромите во креирањето на образовните политики, особено преку мерките предвидени во Акциските планови за образование во рамките на Националната стратегија за Роми 2022–2030. Овие мерки се веќе институционализирани како јавни политики и претставуваат составен дел од законите кои го регулираат националниот образовен систем.

Реклама

На средбата беше посочено дека МОН постојано ги зголемува буџетските средства за поддршка на ромската заедница во образованието, преку програмите за стипендирање, туторство, ангажирање ромски образовни медијатори и афирмативни мерки за упис во средно и високо образование. Особено се нагласи позитивниот тренд на зголемено учество на девојчињата Ромки во средното и високото образование, кои веќе надминуваат 60% од севкупниот број на стипендирани Роми студенти.

Како заклучок од средбата беше истакната определбата на Министерството за образование и наука за одржлива поддршка на ромската заедница во образованието, преку транспарентни, инклузивни и законски засновани политики што обезбедуваат еднаков пристап до квалитетно образование за сите ученици.