Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев демаскирани како левичари-могули со кафе барови

Толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе барови преку ноќ. И Апасиев и Левица се демаскирани. Се откриваат нови детали околу деловниот простор од над 400 м² на Левица во центарот на Скопје, и вистината полека излегува на виделина, објавија од ВМРО ДПМНЕ.

Тезите дека Левица купила подрум се неосновани и претставуваат манипулација со членството на партијата, но и со граѓаните воопшто, изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. „Фотографиите кои ги видовме од деловниот објект јасно покажуваат дека не се работи само за подрум, туку и за високо приземје.

Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два месеци е отворена фирма и кафе бар, а сопственик на истиот е членот на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски, кој истовремено е и член на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација. Ова е извадок од актуелна состојба кој покажува дека адресата на фирмата на Ивановски се наоѓа во дуќанот на Левица“, истакна Манасиевски.

Реклама

Ивановски често може да се види и во друштво на Димитар Апасиев. Толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе барови преку ноќ. И Апасиев и Левица се демаскирани, заврши Манасиевски.