Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Релативно мирен празничен продолжен викенд за медицинските тимови на Итната помош, полицијата со полни раце работа

Велигденските празници поминаа релативно мирно. Во итната медицинска помош имало пријавено само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигденските празници поминаа релативно мирно. Во итната медицинска помош имало пријавено само неколку случаи, а причините биле алкохол и колапс поради тешките временски промени, објаснуваат за Алфа од Итната медицинска помош.

„Во текот на овие неколку дена во ИМП имавме 107 интервенции од кои 45 интервенции се на јавни места, се работи за колапси или паднати на улица, а имаме и девет сообраќајни несреќи. На самата вечер на Велигден имаме интервенции на два колапса едниот е кај црквата кај транспортниот центар во Мичурин, а вториот колапс е во Соборниот храм. За сообраќајни незгоди во конкретната вечер имаме две од коишто се работи за еден мотоциклист кој што се здобил со политрауми. Во однос на конзумирање на алкохол имаме паднати на улица, предозирани со алкохол“, вели Ана Џарева од итната медицинска помош

За продолжениот викенд, на македонските патишта интензивно контролираше полицијата. Најголем дел од регистрираните сообраќајни несреќи од изминатото деноноќие се во источниот дел на Македонија. Причините за нив, но и за регистрираните сообраќајни прекршоци се најмногу заради брзото возење на места каде што не смеело да се вози повеќе од над 50 км на час, но и возењето под дејство на алкохол.

Реклама

„Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по член 297-А од Кривичниот законик.

Во 01.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил само материјална штета, а повредени лица нема. По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта“, стои во билтенот на МВР

Во саботата на 19 април, полиција на територија на општина Чучер Сандево, лишила од слобода возач во чие возило биле пронајдени 192 пакети со стока за кои немал никаква документација. Поради сомнежи за сторено кривично дело „криумчарење“, возачот и возилото биле веднаш спроведени во полициска станица.

Давид Крстевски