Реклама
Свет

Натпреварите од Серија А одложени поради смртта на Папата

Прес-службата на италијанската Серија А соопшти дека сите денешни натпревари се одложени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-службата на италијанската Серија А соопшти дека сите денешни натпревари се одложени поради смртта на Папата Франциско.

Светиот Отец почина на 21 април, на 88-годишна возраст, а Италија влезе во период на жалост. Во знак на почит, фудбалската лига донесе одлука за прекин на денешните натпревари.

Одложените средби се:

Реклама
  • Торино – Удинезе
  • Каљари – Фиорентина
  • Џенова – Лацио
  • Парма – Јувентус

Новите термини за одигрување на овие натпревари ќе бидат соопштени дополнително.