Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Свет

Четири жртви во несреќа со жичарница во близина на Неапол

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири лица го загубија животот кога се откачи кабина од жичарница на планината Фаито, во близина на италијанскиот град Неапол.
Кабината паднала на земја откако се скинал еден од влечните кабли, соопштија италијанските медиуми.
Во трагедијата загинале двајца туристи од Велика Британија и двајца од Израел, додека едно лице се здобило со тешки повреди.
Несреќата се случила додека кабината се приближувала до врвот на планината. Во истиот момент, друга кабина се движела во спротивна насока – кон долината – и во неа се наоѓале 16 лица. Благодарение на брзата реакција на спасувачките екипи, сите патници биле евакуирани поединечно, во технички сложена операција отежната од лошите временски услови.
Претседателот на регионот Кампања, Винченцо Де Лука, потврди дека сите загинати биле туристи. Градоначалникот на Кастеламаре ди Стабија, каде што е сместена трikilометарската жичарница, изјави дека веројатната причина за несреќата е скинат влечен кабел, нагласувајќи дека жичарницата била редовно одржувана и проверувана.