Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Македонското овошје и зеленчук ќе бидат најзастапени во потрошувачката кошничка

Овошјето и зеленчукот што се произведуваат во Македонија ќе биде најзастапено во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овошјето и зеленчукот што се произведуваат во Македонија ќе биде најзастапено во владината математика за просечната потрошувачка кошничка. Листата на земјоделски производи која министерството за земјоделие ја доставило до министерството за економија е долга вели Трипуновски. Финално кои производи ќе влезат во кошничката треба да соопшти министерството за економија што веројатно ќе се случи откако истата ќе биде испратена на консултации кај синдикатите и организацијата на потрошувачи

„Министерството за земјоделство учествува заедно со другите министерства во креирањето на кошничката и е задолжено за земјоделските производи. Листата на производи е голема и верувам дека кошничката ќе ги содржи сите. Пред сѐ се застапени оние што ги произведуваме во Македонија“, вели Трипуновски.

Изработен е и посебен календар за тоа кои култури кога се одгледуваат врз база на кој ќе се полни кошничката. Односно сезонските овошја и зеленчук ќе се пресметуваат во периодот кога се одгледуваат.  

Реклама

МЗШВ согласно календарот на производство на земјоделски култури изработи посебен Календар – кои земјоделски култури во кој период доспеваат и се користат. Тој список е доставен до Министерството за економија. Знаете дека одредени производи се со сезонски карактер, па во периодот на нивно производство ќе бидат и вметнати во кошничката, вели Трипуновски.

Од министерството за економија веќе информираа дека кошничката е готова и е врз база на податоците од Државниот завод за статистика и Пазарен инспекторат. Што точно содржи засега нема конкретни детали, но се знае дека нема да има алкохол и цигари, а нема да биде ставена ставка за одмор во странство. Министерството за економија објасни дека владината кошничка ќе служи како урнек за креирање на мерки за заштита на животниот стандард.

Државниот завод за статистика престана да ја пресметува минималната потрошувачка кошничка во 2011 година и оттогаш тоа го прави ССМ.

Од синдикатот ја објавуваат сумата за секој месец, но засега последната објавена пресметка од ССМ е за февруари и тежи 63.773 денари за четиричлено семејство.

Според официјална статистика, инфлацијата во март споредено со февруари годинава бележи намалување од 1,3%. Тоа  според статистика се должи и на пониските трошоци за храна и пијалаци.