Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Хороскоп

Дневен хороскоп 17.04.2025

Овен (21 март – 19 април) Љубов: Годината носи страст и динамика.…

Сподели:

Овен (21 март – 19 април)

Љубов: Годината носи страст и динамика. Оние што се во врска ќе треба да работат на комуникацијата, особено во првата половина од годината. Слободните Овни ќе имаат неочекувана средба во лето.

Работа: Амбициозен период. Нови проекти и напредок во кариерата, особено од мај до септември. Внимавај на брзоплети одлуки.

Здравје: Добро, но избегнувајте преголем физички напор. Можна се појава на мигрени или проблеми со спиењето во април и ноември.

Реклама

Бик (20 април – 20 мај)

Љубов: Романтична стабилност. Партнерот ќе ти биде голема поддршка. Слободните Бикови имаат шанса за сериозна врска околу есен.

Работа: Година на раст, особено во финансискиот дел. Вреди да се ризикува со нови идеи – може да донесат стабилни приходи.

Здравје: Добро, но потребен е баланс во исхраната. Пролетта ќе биде особено важна за вежбање и физичка активност.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Љубов: Многу движење и нови познанства. Некои Близнаци ќе се вљубат неочекувано во пријател. Зафатените нека внимаваат на недоразбирања во комуникацијата.

Работа: Одлична година за креативни проекти. Можни се промени на работното место или напредок до крајот на годината.

Здравје: Малку ќе варира. Можна е нервоза и замор. Медитација или кратки патувања ќе помогнат да се стабилизираш.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Љубов: Многу емотивни моменти. Зафатените ќе се чувствуваат поблиски со партнерот, особено во втората половина од годината. Можно проширување на семејството.

Работа: Финансии се подобруваат постепено. Фокусирај се на долгорочни цели. Не брзај со потпишување договори до јули.

Здравје: Психичкото здравје е клучно. Повеќе сон и време за себе ќе помогнат да го одржиш балансот.

Лав (23 јули – 22 август)

Љубов: Многу страсни моменти. Ќе блескаш во друштво, и привлечноста ќе ти биде на максимум. Но внимавај на љубомора и драматични реакции.

Работа: Нови можности доаѓаат преку контакти и јавни настапи. Одлична година за самостојни проекти и водечка позиција.

Здравје: Пазете се од проблеми со срце или притисок. Физичка активност ќе ти биде потребна цела година.

Девица (23 август – 22 септември)

Љубов: Нежни и стабилни вибрации. Зафатените ќе ја обноват блискоста со партнерот. Слободните имаат шанса за љубов преку работа или хоби.

Работа: Прецизноста ќе те донесе до успех. Ќе бидеш препознаен/а по посветеност. Повеќе финансиски приливи од септември.

Здравје: Добро, но не претерувај со работа. Внимавај на дигестивен систем и прави паузи.

Вага (23 септември – 22 октомври)

Љубов: Романтична, но и бурна година. Партнерот може да биде огледало на твоите емоции. Време е за вистински разговори. Слободните имаат романса на патување.

Работа: Балансирање меѓу желбите и реалноста. Можно е ново вработување или промена на правецот во кариерата.

Здравје: Хормонален дисбаланс или замор – време е да се посветиш на телото. Повеќе вода и природна исхрана.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)

Љубов: Интензивна година. Длабоки врски, но и можни конфликти. Потребна е доверба. Слободните може да запознаат личност со која ќе се поврзат на длабоко ниво.

Работа: Трансформации! Ќе ја напуштиш зоната на комфор. Финансискиот дел ќе биде подобар по септември.

Здравје: Силна енергија, но внимавај на анксиозност. Фокусирај се на вежби за ментално растоварување.

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

Љубов: Многу шанси за нови врски, особено преку странство или интернет. Зафатените треба да најдат време за заеднички авантури.

Работа: Можност за патување поврзано со работа. Добра година за студии, обука или нови вештини. Финансии ќе бидат стабилни.

Здравје: Енергија ти е на високо ниво, но внимавај на повреди. Не занемарувај редовни лекарски контроли.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

Љубов: Ќе бараш стабилност и сигурност. Оние во долги врски може да направат следен чекор. Слободните ќе се привлечат од постари или позрели личности.

Работа: Година на напредок и признавање на трудот. Добар период за инвестиции и почнување свој бизнис.

Здравје: Внимавај на коски, зглобови и грб. Редовна физичка активност и масажи ќе помогнат.

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

Љубов: Неочекувани пресврти. Можна е стара љубов да се врати во твојот живот. Зафатените ќе имаат искушенија – искреност е клучна.

Работа: Креативна експлозија! Време е да направиш нешто поразлично. Идеи поврзани со технологија ќе ти донесат успех.

Здравје: Проблеми со циркулација или нервен систем – одмори се кога телото ти го бара тоа.

Риби (19 февруари – 20 март)

Љубов: Многу емоции и соништа. Оваа година е клучна за љубовен раст. Можна е судбоносна врска за слободните Риби.

Работа: Креативноста ќе те води. Партнерства или работа со уметност, хуманост или духовност ќе биде успешна.

Здравје: Внимавај на имунитет. Повеќе витамини и природни чаеви. Можна чувствителност кон времето.