Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

Низа пропусти во законот за угостителска дејност утврди Антикорупциската комисија, по трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Низа пропусти во законот за угостителска дејност утврди Антикорупциската комисија, по трагедијата во Кочани. Комисијата самоиницијативно ги проверила, покрај тој за угостителска дејсност, и законите за  инсепкциски надзор и за заштита и спасување. Итно ги повика надлежните да направат ревизија и измени на правната регулатива. Според нив, неопходно е прецизирање на законските членови со кои се уредува издавањето лиценци за угостителските објекти, бидејќи според антикорупционерите има недоречености, нејасни правила, судир меѓу законите и недозволени дискрециони овластувања.

  • Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението“- истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата на Законот.

И кај казните има недоречености. Според Антикорупциска, висината на глобите не е сразменарна со тежината на можните последици, особено во однос на заштитата на живтот, здравјето и безбедноста на луѓето.

  • Ова создава правна колизија и води кон правна несигурност во постапувањето на инспекторите и остава простор за различна, призволна примена на инспекциските овластувања. И во делот на прекршочните одредби е утврден регулаторен ризик. Висината на глобите не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци“- истакна претседателката на ДКСК.  

Ваквите слабости создаваат простор за корупција, злоупотреба на дискрециски овластувања и нееднакво постапување кон различни субјекти во идентични или слични ситиации, сметаат антикорупционерите.

https://youtu.be/Q_vYo7oRHbc