Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Учениците веќе не мора да бараат и плаќаат: ВИ-алатката „Умниверзум“ ги заменува професорите по математика

Средношколците веќе нема да имаат потреба да плаќаат приватни часови по математика.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколците веќе нема да имаат потреба да плаќаат приватни часови по математика. Отсега доволен е еден клик до онлајн платформата „Умниверзум“, преку која можат да се доусовршуваат и да ги совладаат тешкотиите. Станува збор за вештачка интелегенција. 

„Што е интересно кај оваа алатка е тоа дека е локализирана на еден начин, односно земени се предвид програмите во средните училишта по математика, независно дали е тоа за стручно, гимназиско образование за математички, земени се предвид тие програми, задачите што ги даваат за вежабње, оваа алатка се задачи кои би можеле да ги сретнат средношколците во средно што би ги решавале на час“ вели Петар Ниновски од Бреинстер

Според последните тестирања на ПИСА пред две години на средношколци од различни држави, Македонија е рангирана на 61-то место по математика, па токму поради таа причина студенти заедно со нивните ментори-професори од Бреинстер добиваат иницијатива за изработка на ваква алатка.

Реклама

„Таму забележавме еден недостаток во делот на математика, откога го откривме тој недостаток дополнително направивме истражувања, нашето истражување го помешавме со ПИСА истражувањето кое се праи на две години, двете истражувања покажуваат дека нашите средношколци споредно со нивните врсници од другите држави прилично лошо датираат по математика мислам дека сме на 61-то место од 81 земја, така да тоа беше доволна прична да ги завратиме ракавите и да пробаме да направиме алатка која ќе им помогне на средношколците да ги подобрат вештините по математика“ вели Петар Ниновски од Бреинстер

Можат ли алатките не вештачката интелигенција да ги заменат реалните професии? Според последните извештаи би можела да наруши до 300 милиони работни места во блиска иднина, при што 50% од глобалната работна сила е изложена на ризик од автоматизација.

Давид Крстевски