Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ!

Уставните измени се само почеток. Потоа следуваат нови и нови услови и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставните измени се само почеток. Потоа следуваат нови и нови услови и уцени. Бугарија повторно децидна – за Скопје патот до Брисел мора да оди преку Софија. Шефот на дипломатијата, Георг Георгиев, вели дека работите биле кристално јасно.

„Многу е важно да се знае дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов… Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година“ вели Георг Георгиев, министер за надворешни работи на Бугарија

Министерот за надворешни работи на Бугарија во гостување на тамошна телевизија објасни дека откако претходната Влада на Македонија го прифатила францускиот предлог сега Европската Унија е таа која стои зад консензусот и зад бугарските барања.

Реклама

„Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус. Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството… Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот“ вели Георг Георгиев, министер за надворешни работи на Бугарија

Токму на ова постојано предупредува македонската Влада – дека внесувањето на Бугарите во Уставот без никакви дополнителни гаранции само ќе ја отвори пандорината кутија од која ќе излезат уште посериозните барања на Бугарија за индентитетот и историјата на Македонија.

Давид Крстевски