Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нема повеќе кабли и пајаци како виновници – За трагедијата во Kочани ќе има одговорност за секој што е виновен

Селективност по политичка, национална или било каква основа нема да има, иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Селективност по политичка, национална или било каква основа нема да има, иако опозициските партии почнаа да мешаат прсти во целиот процес околу истрагата за трагедијата во Кочани. Опозицијата обвинува за селективност, првиот човек во МВР пак тврди дека секој кој има и најмала вина, за најголемата трагедија во историјата на државата ќе одговара. Од обвинителствот денеска објаснија дека актуелниот министер за економија  Бесар Дурмиши не е опфатен со истрагата за катастрофалниот пожар кој се случи во дискотеката „Пулс“ бидејќи, досега нема ниту еден доказ дека сопственикот на кабарето побарал да му биде издадена нова лиценца во 2025- та година. Од обвинителството објаснуваат дека законот не дава основ да се гони некој затоа што бил директор или министер во одредена инстутиција во одреден период. Од  истражните органи се децидни, никој нема да биде изземен од одговорност.

Сакам да упатам една јасна порака до македонските граѓани, а тоа е дека време кога пајакот и кабелот беа криви заврши. Македонските граѓани можат да направат разлика и за она што досега е спроведено, во споредба на што досега било правено претходно. Мислам дека на секој еден од нас му е јасно дека разликата е огромна, дека за разлика од претходно со оние три, четири трагедии коишто цело време се споменати во јавноста, каде што имавме повеќе од седумдесеттина жртви, истакна министерот Тошковски.

Сепак продолжуваат политчките обвинувања. Интегративците не гледаат одговорност во нивните кадри, туку обвинуваат дека власта сакала да подгрее етнички тензии преку апсењето на Албанци.

Реклама

 Во моментов Мицкоски со неосновано апсење на Албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор“, велат од ДУИ.

Запрашан за ваквиот став од интегративците, од каде и доаѓа поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој е во притвор, Коцевски вели дека нема да коментира политички изјави, но дециден е –  селективност по национална основа, ниту пак по било каква определба во случајот нема

Од коалицијата ВРЕДИ велат дека се надеваат оти сите актуелни и поранешни функционери Албанци ќе ја докажат невиноста во фер правосудна постапка, а дека Али Ахмети само гради перцепција дека Албанците се жртви на Владата и единствено има за цел да предизвика политичка криза.

Реагираа и од СДСМ. Од опозицијата обвинуваат дека повторно немало истрага против никој од МВР , а сеуште е фокусирана на минатото.

Ако затаиле контролните механизми и безбедноста, кои се под директна надлежност на ОВР Кочани, СВР Штип, односно МВР и БЈБ како е можно ниту еден од актуелните функционери да не биде приведен и да не биде опфатен со истрагата? – велат од СДСМ

Од МВР неодамна посочија дека се  проверува секое постапување на полициски службеници вклучително и за кобната вечер во дискотеката. Тошковски и денеска повтори дека ќе продолжат да работат и ќе се истражи се и секој што ќе се потврди дека е поврзан со случајот.