Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Младите земјоделци добиваат финансиска поддршка од владата преку јавен повик– На располагање до 600.000 денари за сопствено производство

Младите кои  сакаат да  почнат да се занимаваат со земјоделство ќе добијат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите кои  сакаат да  почнат да се занимаваат со земјоделство ќе добијат пари од државата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за помош на млади земјоделци на возраст од 18 -40 години кој за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделство.  Покрај возраста, услов е апликантите да се  запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Земјоделците кои ќе ги исполнат критериумите може да добијат максимум 600 илјади денари неповратен грант од државата.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. . Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција, вели Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Популацијата во агросекторот старее, загрижува фактот што во идинина ќе нема која да ги обработува нивите. Со цел пооттикнување што повеќе млади да започнат да се занимаваат со земјоделие годинава се олеснети критериумите за повикот. Од МЗШВ најавуваат дека и понатака ќе се преземаат мерки за да се поттикне развојот на земјоделството и да се поттикнат младите да влезат во секторот, да се зголеми домашното производство. Целта на Владата е Македонија од увозник да стане земја извозник

Реклама

Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна. Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи, вели Трипуновски.

Инаку, на јавниот повик предност ќе имаат  младите жени земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско или ветеринарно образование како и оние кои сакаат да инвестираат во механизација и опрема за преработка и сточарско производство информираат од Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој. Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат најдоцна до 9.05.2025