Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Димитриеска – Кочоска: Одржуваме контакти со Вашингтон, разговараме за слободна трговија

Македонија сака договор за слободна трговија со Соединетите Држави. И покрај одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија сака договор за слободна трговија со Соединетите Држави. И покрај одлуката на Доналд Трамп за паузирање на царините за повеќе земји, вклучително и нашата, Владата е на ставот дека треба да се преговара и да се одржува комуникација со тамошните власти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, во изјава за Алфа од Делфи форумот вели дека не ја загрижуваат директните последици во однос на трговијата со САД оти размената е на ниско ниво, позагрижувачки би биле ефектите кои би дошле преку Европската Унија која е наш најголем трговски партнер.

Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена, тука имаме претсавници и од Светска Банка и од ММФ , од ЕБОР гледам една смиреност кај нив.  Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала, една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки денес веќе е нешто друго, нешто американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Јас следна недела патувам во Вашингтон на оние пролетни средби во ММФ и со Светска банка и ќе ја искористам приликата да организирам состанок и да се видиме со US Treasury  видиме како понатаму во тој дел… зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза….. Останува дискусијата за слободна трговија, тука не се откажуваме – вели Димитриеска – Кочоска.

Реклама

Делфи форумот кој се одржува во истиомениот град во Грција, на едно место ги собира светските економисти, инвеститори, политичари. Очекувано фокусот на панелистите е на одлуките кои доаѓаат од американскиот претседател.

Заклучоците од економистите се дека ова е крајот на глобализацијата и дека доколку Доналд Трамп повторно се одлучи на царини тоа ќе има последици и за американската и за глобалната економија.

Економијата во САД, воопшто одлуката за инвестирање во САД ќе биде да има одредени ризици токму поради тие непредвиливи ризици, што не е случај со Европа.. Економистите беа едногласни дека Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата или да кажеме негативен, но веќе дискусијата е поублажена, друга е реториката, вели Димитриеска – Кочоска.

Инаку, претседателот Трамп одлучи да ги паузира најавените царини за повеќето земји на 90 дена. По ваквата одлука и Европската Унија одлучи да ги паузира контрамерките кои веќе бра подготвени и излгасани.

Во исто време Вашингтон ги зголеми царините кон Пекинг на 125%, а Кина одговори со тарифи од 84%, но најави дека е подготвена да преговара и да се најдат на, како што соопшти тамошното министерство за трговија, половина пат.