Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Мицкоски ги седна на маса синдикатите-Владата не е против повисок минималец, велат од ССМ

Растот на минималната плата, почитување на општите колективни договори и растот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на минималната плата, почитување на општите колективни договори и растот на платите во јавниот сектор биле главните теми на разговор на двочасовната средба помеѓу синдикатите и премиерот Христијан Мицкоски.  Владата нема проблем со покачување на платите, проблемот е со останатите синдикати – ова го соопштија од ССМ по средбата поздравувајќи го чекорот на премиерот да седне и да разговара со нив.  Позитивно е велат што преговорите ќе продолжат, но разочарувачки е потегот од работодавачите кои се повлекле од разговор. Тие остануваат на барањето за минималец од 500 евра, а од утре очекуваат средби со сите пратенички групи за да разговараат за растот на платите .

Во наредниот период продолжуваме да разговараме за растот на платите и од страна на владата беше истакнато дека владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата, а разговаравме и за зголемување на платите во јавниот сектор особено во министерствата за кои и ССМ и УПОЗ веќе неколку недели преговараат , рече Трендафилов

Од средбата како позитивна вест доаѓа и дека УПОЗ информираше дека ги ставиле во мирување протестите затоа што административците ќе ги добијат бараните 30 отсто за додатоци за плати

Реклама

Ние бевме договорени, договоривме да тие 30% додатоци на плата да ги добиеме на неколку рати, ако можам така да кажам, во рок од четири години. А покрај тоа, пак потенцирам, додаток на плата, не покачување на плата, а сите вработени во овие институции кои протестираа, секој март да си добиваат усогласување на плата, дали ќе биде тоа со пораст на просечната, дали ќе биде пораст со минималната плата“, рече Трпе Деаноски од УПОЗ

Сепак остануваат синдикалните превирања , најмногу околу општите колективни договори. Од страна на КСС беа отфрлени обвинувањата од ССМ дека тие се против работничките права и покачување на платите. Бараат да се репреговара општиот колективен договор, а растот на минималецот да не е популизам како што велат барале од ССМ, туку да има решение кое ќе донесе покачување на раст на сите плати

За општиот колективен договор, да, кажав, еве и во изјавата моја кажав, дека имавме една срамна одредба за покачување од само 0,7% во јавниот сектор, тоа беше 2024 година, септември. Знаете дека дента која се потпишуваше тој општиот колективен договор, баш поради тие причини ние протестиравме“, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Преговорите за минималецот ќе продолжат на следната седница на ЕСС која треба да се одржи веднаш по утврдување на репрезентативноста на синдикатот . Очекувањата се дека тоа ќе се случи уште утре.