Реклама
Прилози

Позитивни економски раздвижувања: Зголемување на платите на здравствените работници, на оние во образованието и покачување на пензиите

Поголеми плати и пензии за граѓаните, наплив на странски инвестиции, отворање нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголеми плати и пензии за граѓаните, наплив на странски инвестиции, отворање нови работни места. Враќање на стари долгови генерирани од претходната влада.

Премиерот Христијан Мицкоски ги најави добрите вести за здравствените работници, кои од наредниот месец со декемвриското покачување сега ќе имаат поголем буџет за 15%.

До крајот на мандатот на Владата премиерот вети дека може да очекуваат и двојно зголемување на платите.  

Реклама

„Од овој април практично за март ново покачување на платите на здравствените работници со она ноемвриското декемвриското практично се зголемија за 15%. До крајот на мандатот ќе бидат зголемени 40 50%“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави дека инвестициите во здравството ќе им бидат приоритет и во наредниот период. Владата ги скрпи дупките во буџетот на Фондот за здравство, кој сега е наполнет со рекордни 53 милијарди денари.

„Буџетот во здравството во ФЗОМ е историски највисок 53 милјијарди, споредено со оние 35 кои беа во време на короната е за 18 милијарди повеќе 300 милиони“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од наредниот месец се реализира уште едно покачување на пензиите,  односно севкупно со претходното линерано зголемување се 5000 денари. Зголемување на априлските плати за 7% Владата најави и во образованието.

„Од оваа година како и претходните години наставниците ќе си добијат поголема априлска плата за 7%. Тоа важи за сите вработени во училиштата и во основното и средно образование“, изјави Весна Јаневска министерката за образование. 

Започна и пролетниот наплив на странски инвестиции. Владата е во преговори со петнаесет нови инвеститори, најави Мицкоски, а од оваа недела во Штип со полн капацитет се очекува да започне со работа и новиот производствен капацитет на „Магна“, што ќе придонесе за отворање на нови 500 работни места – инвестиција вредна 50 милиони евра. Со ова Македонија и годинава, како и во 2024, се зацврстува во регионот како дестинација која генерира најголем број странски инвестиции по глава на жител.