Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Охридски хотелиери: Новата авиолинија Истанбул-Охрид е еден од најдобрите чекори во моментот

Новата авиолинија Охрид-Истанбул не само што ќе придонесе за развој на туризмот,туку…

Сподели:

Новата авиолинија Охрид-Истанбул не само што ќе придонесе за развој на туризмот,туку ќе значи многу и за развојот на економијата.Најголемото европско “воздушно пристаниште” лани превезе околу 80 милиони патници во повеќе од 300 дестинации,истакнуваат туризмолозите.Со овој лет нема да патуваат само туристи од Турција туку и од многу други светски дестинации.


“Па со оглед на тоа дека грото од туристите посебно во овој регион, а и во Скопје генерално и во Македонија се од турскиот пазар во последните неколку години и е во огромен подем, апсолутно сметам дека тоа е еден од најдобрите чекори моментално.И тоа не само за турски гости, бидејќи Истанбул како аеродром е еден од најголемите аеродроми во светот кој што поврзува со цел свет,така што сметам дека ќе имаме огромен бенефит од поврзувањето со истанбулскиот аеродром”-вели Ана Јанчева-хотелиер


Турските туристи се познати по тоа што дури повеќе од двојно поголема е нивната присутност на риверата во однос на втората дестинација од каде што имаме најмногу туристи, а тоа е Србија.

Реклама


“Остваруваат и најголем број на ноќевања, иако просечниот број на ноќевања е нешто над 1 ноќевање односно 1,23 ноќевања што значи дека можеме да очекуваме повеќе туристи, можеме да очекуваме подобра работа на охрискиот аеродром.Истанбул не е било која дестинација кажавме дека Истанбул е вториот најфреквентен аеродром во цела Европа, пофреквентен од Шарл де Гол,пофреквентен од Франкфурт во Германија и навистина може преку овој аеродром да се замине на многу дестинации, се надевам по поволни цени “-вели Цветко Андреески,универзитетски професор


Ако доволно долго функционира оваа линија,Охрид ќе има навистина голем бенефит,ова е голема шанса за целиот регион, очекувам вели Андреески и бројни жители на соседна Албанија да го користат охридскиот аеродром.
Истанбулскиот аеродром е шести по големина во светот,но после лондонски Хитроу е еден од најфреквентните, далеку пред францускиот Шарл де Гол, или геманскиот аеродром во Франкфурт.

Росица Голабоска