Реклама

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Прилози

Женски економски форум: Финансиски едуцирано население за сопствен, но и за општествен раст и развој

Дополнителни обуки за финансиска писменост не само за учениците туку и за…

Сподели:

Дополнителни обуки за финансиска писменост не само за учениците туку и за наставниците. Покрај ова, на учениците да им се даваат проектни задачи и да се вклучат во работилници за да учат вештини за планирање и управување со финансии. Ова го порача министерката Весна Јаневска која беше дел од панел дискусијата за финансиска писменост во македонското обраазование,  организирана од здружението „Јас сум жена“. Според образовната настава во основните и средните училишта има предмети во кои се учи за финансии, но уште поголем ефект би имало доколку има обуки и за наставниците, вели министерката Јаневска.

Членки на здружението „Јас сум жена“ излегле на терен и посетиле повеќе основни и средни училиште. Нивната цел била да се увиди дали и колку македонските ученици имаат познавања од управувањето со финансиите. Според претсдателката на здружението Ана Дуковска, децата покажале голем интерест и интерактивност во дискусиите, но според нивните истражувања постојат и училишта во кои не постојат предмети за финансиска писменост.

Во наставата на македонското образование во основните и средните училишта се учи математика, претприемништво, општествена одговорност како и други предмети во кои е опфатено планирање и управување со финансиите. Според организаторите на панел дискусијата, вклучувајќи ја и министерката за образование Јаневска, финансиските вештини се многу битни за учениците бидејќи тоа води кон економски развој и просперитет на државата.