Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Претходната власт со години стагнирала: Владеењето на правото најважно за напредок кон ЕУ

Владеењето на правото е клучно за европскиот напредок на Македонија, поле на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владеењето на правото е клучно за европскиот напредок на Македонија, поле на кое во кои минативе години целосно се стагнирало, порача евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рохас. Вели во моментов се гледа волја кај властите за реформи со цел подобрување на состојбата, за што помош ќе сме добиеле и од оффицијален Брисел. Покрај тоа според него важни се и реформите во јавната администрација, кои ќе допринесат за подобрување на состојбите со владеењето на правото.

-Тоа е владеењето на правото, клучна компонента за се, а другата е јавната администрација, односно реформата во јавната администрација. Потребна компетентна јавна администрација, која што ќе може да ги спроведе сите реформи. Но во делот на владеењето на правото работиме навистина напорно, знаеме дека тоа е голем приоритет, стагнираше во последниве неколку годни па затоа мораме да имаме конкретни чекори напред и да ги имаме многу скоро, изјави Рокас.

Една од главните цели на Владата се реформите во правосудството, бидејќи и повеќе од катастрофални се бројките кога станува збор за довербата на граѓаните. Министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани порача дека власта има сериозни цели за реформи, но знае дека работата е и повеќе од сложена и тешка.

Реклама

-Првиот сигнал е дека во секторот правосудство реформите одат малку поотежнато. Колку и да министрите се трудат да дадат дополнителна динамика, динамиката на имплементација на реформите таму му личи засега дека е побавна, се надеваме дека ќе добие дополнителна брзина, изјави Муртезани.

На патот кон ЕУ Македонија ја има реформската агенда која што Брисел ја донесе за Западен Балкан, според која на државава и следуваат 750 милиони евра, пари кои треба да се добијат според напредувањето во реформите. Како и Муртезани и Рокас порача дека промените во правосудниот систем се и повеќе од важни.

-ЕУ или она што ние го кажуваме или препорачуваме не е против поединците, туку се работи за тоа да имаме силен систем, кој што ќе ја почитува независноста на судството, изјави Рокас.

Муртезани порача дека Македонија активно работи на исполнување на реформската агенда, со цел напредок кон членството во ЕУ, но и пристап до финансиите кои Брисел ги дава за оние кои напредуваат во реформите.

Матеја Петровски