Реклама
Прилози

Семејството на загинатата Фросина до „Кој е следен?“: Која следна трагедија ќе биде на менито на вашите интереси?!

Не е важна жртвата, важна е агендата – не можам веќе да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е важна жртвата, важна е агендата – не можам веќе да молчам! Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова реши јавно да проговори за инцијативата „Кој е следен“ зашто, како што вели, била крајно огорчена и вознемирена што нивното семејство се злоупотребува за нечии политички цели.

Росица Кулакова во објава на социјалните мрежи вели дека оние кои на протестите биле во првите редови вистински бараат правда, но проблемот го лоцира во поединци кои сакаат да профитираат врз трагедии.

-На денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага – се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите. Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“… Веќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот – имаше јасен организатор, агенда, насока, пишува Росица.

Реклама

Росица вели дека првиот собир за нејзината сестра бил спонтан, но веќе на вториот забележала дека нешто не е во ред – веќе не бил на народот туку имал јасен организатор, агенда, насока.

-Присуствував на еден состанок – последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент… Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација, пишува Росица.

Фејсбук објавата на Росица на социјалните мрежи ја споделија многумина, меѓу кои и нејзиниот татко Тодор. Тој во објавата вели дека било пробиено и дното и дека како семејство секогаш најостро ќе реагираат кога некој некој ќе се обиде да ја искористи нивната тага и смртта на Фросина, а додава и дека ќе бараат начин како институционално виновниците да одговараат за вакви злодела.

Инаку иницијативата „Кој е следен?“ уште во деновите на жалост ги организираше првите собири и за трагедијата во Кочани, а на социјалните мрежи исплива и видео во кое се договараа следните активности заедно со српска инструктора. На моменти и низ смеа, размислуваа како да ги поврзат двете трагедии па на крајот заклучија дека и Фросина дел од загинатите во пожарот во „Пулс“ биле студенти и дека тоа треба да биде иницијалната каписла за формирање на студентски пленум кој на крајот пропадна.

Матеја Петровски