Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Не знам, не се сеќавам: Заврши конфузното сведочење на Видевски, еден од обвинетите за убиството на малата Вања

Пиштолот го изнел од дома, а каде го однел – рече не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пиштолот го изнел од дома, а каде го однел – рече не знам, не се сеќавам. Ставал ракавици на рацете, аме не знаел зошто. Се криел позади возилото, ама и за тоа не се сеќава зошто. Заврши конфузното сведочење на Боре Видевски. Не откри ништо ново, освен дека откако на почетокот го признал неговото учество во свирепите убиства, сега негира било каква поврзаност. Пред судот се читаше негово прво признание.

  • „Целата ситуација се договорила без јас да знам. Велибор ми спомна дека ќе се бараат пари, јас бев во криза и се согласив. Четворицата се договоривме да се земе колата на Панче, но да остане жив.. Сите четворица го однесовме кај ископаната дупка. Јас и Влатко се вративме, и како што кажав, слушнав истрел. Се свртев и го видов Палчо со пиштол во рацете“ рекол Видевски на 04.12.2023 година.

Откако ова го признал, во вториот исказ пред обвинител негирал, како и сега пред судот. Тврди дека бил тепан и затоа морал да признае. За разликите околу првиот исказ и сегашниот, во име на одбраната прашања поставуваа само Палевски и неговиот адвокат.

  • Дали сите наводи на Јавното обвинителство ги негирате во целост? – праша Палевски.
  • Да – рече Боре.

Судијата пак го праша дали некогаш Палевски му се заканувал, а обвинетиот децидно одговори „не, никогаш“. Но го потпрашуваше и за некои до деталите.

Реклама
  • Зошто ви беа потребни радиостаници? – праша судијата.
  • Не знам точно, ова е претпоставка. Партијата планираше одредени активности, собиравме декларации за МПЦ-ОА. Кога ќе соберевме 130.000 декларации, планот беше да се разделат по помесните цркви. Но, да не биде тоа одење и оставање во црква на одредена личност, туку да биде со литија од граѓани од Велес и околината.. Радиостаниците, претпоставувам беа за конекција, за да се комуницира ако има повеќе народ. Еден да стои напред, друг позади, трет на страна и да не се користат мобилни за конекција, туку радиостаниците – рече Боре.

Адвокат Бојан Манев тврди неговиот клиент Видевски вистината ја кажал пред судот, а не во декември 2023-та кога морал да говори бидејќи му се заканувале од полиција.

Инаку, Палчо се откажа од својот, таканречен клучен сведок, кој требаше да потврди дека дента на убиството на Вања, околу 11 часот, разговарал со него во редот во банката. Професорот не сакал да го прими барањето од судот, а Палевски ја одби понудата на судијата тој да биде приведен.  Судењето за двојното убиство продолжува идната недела во среда кога исказ треба да даде обвинетиот Влатко Кешишев.