Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

19-годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница

Емоции, аплаузи, солзи радосници… соучениците во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Емоции, аплаузи, солзи радосници… соучениците во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, го пречекаа 19-годишниот херој, Јован Костадинов кој кобната вечер кога избувнал пожарот, ставајќи го сопствениот живот во ризик, се вратил во т.н. дискотека и спасил 21 лице.

Благодарение на обуката што Јован ја добил од Црцвениот крст неодамна во Виница, успеал да го направи херојското дело. Имено Јован ја натопил маицата со вода, ја облекол и ставил преку носот и устата, се враќал внатре и извлекувал луѓе – буквално во пожарот. Потоа бил пренесен на Клиниката за токсикологија каде бил хоспитализиран заради тоа што вдишал големи количини на јаглерод моноксид. Вчера бил испишан од токсикологијаи  пуштен на домашно лекување, а денеска со неизмерна радост…

Препораката од клиниката за токсикологија за Јован е да се врати за контрола по седум дена, за да бидат сигурни лекарите дека и натаму е во добра здравствена состојба. Херојот Јован е една од светлите точки таа црна ноќ на 16-ти март. На социјалните мрежи за него граѓаните бараат највисоки државни признанија бидејќи успеал да биде свесен, многу храбар, жртвувајќи го сопствениот живот им го продолжил на над дваесет други.

Реклама

Давид Крстевски