Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Mицкоски ги поддржува протестите, но не и политичките глодари кои се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата

Протестите се демократска алатка, но, има обид за злоупотреба на гневот кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протестите се демократска алатка, но, има обид за злоупотреба на гневот кај граѓаните. Премиерот Мицкоски вели дека има разбирање за оние кои сакаат да го изразат револтот, зошто има уште многу работи да се решат, но, потенцира дека не ги разбира политичките глодари и лешинари кои преку жртвите од трагедијата во Кочани и тагата на семејствата, сакаат да ќарат политички поени.

„За многу работи оваа Влада беше браник да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. И токму тоа е за тие политички глодари проблем кој сакаат преку овие протести да добијат некој политички поен, па гледаат шанса“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Македонија. 

Свесен за проблемите со кои се соочува Македонија и за тоа дека преку ноќ не може ништо да се направи, премиерот повика на смиреност и разум во овие тешки моменти. Вети дека со Владата ќе се бори до последен атом енергија за да ги исправи работите.

Реклама

„И јас сум нервозен, верувам дека сите сме незадоволни од сето тоа што се случува и тука не треба да имаме дилема. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи изминативе 9 месеци, откако е избрана оваа Влада, се решија. Направивме многу работи, поразивме многу мафијашки здруженија. Отсега па натаму би посакал да останеме фокусирани во решавање на проблемите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во повеќе градови низ државава и во Скопје денес се закажани протести во чест на загинатите 59 млади луѓе во ужасниот пожар во Кочани. Сепак, одредени политички центри се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата и да се инфилтрираат во граѓанските движења за што викендов на социјалните мрежи испливаа и видео снимки.