Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Навала за противпожарни апарати – за една недела продадени колку за цела година

Противпожарните апарати, хидрантите и хидрантските црева се трошат како алва. По трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Противпожарните апарати, хидрантите и хидрантските црева се трошат како алва. По трагедијата во Кочани за една недела продадени ПП апарати како за цела година.

Фирмите во страв од казни и затворање, а граѓаните исплашени да не ја доживеат трагичната судбина на 59-те жртви во дискотеката во Кочани, навалија и поитаа или да купат или да ги поправат противпожарните апарати и хидрантите.

Искусни лица од оваа бранша со горчина констатираат дека требаше да се случи една ваква трагедија како пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за фирмите да се свестат и да се сетат дека задолжително треба да поседуваат ваква опрема.

Реклама

„За 50% е зголемена. Малку се плашат од изјавите за казните и дополнуваат да речеме имаат еден, земаат уште еден, ако имаат три земаат, уште еден. Помалку се фирми што немале воопшто па сега да земаат“, вели Ефрим Гиевски дипломиран инжнер за пожари од „ЛАМСТОП“.

Според законот за секои 50 квадратни метри задолжително е да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми. Рокот на траење на еден ПП- апарат е 20 години, а по неговиот истек, тој е максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.

„Во правилникот законски е пропишано еднаш на пет години, на апарати кои се до 15 години стари, да се прави контролно испитување“, вели Ефрим Гиевски дипломиран инжнер за пожари од „ЛАМСТОП“..

Газдите на дискотеките и ноќните клубови во просек треба да обезбедат најмалку три до четири, но и повеќе вакви апарати. Сепак според познавачите, во случајот со пожарот на дискотеката во Кочани, бројот на ПП-апарати немало да направи голема разлика, заради тоа што огнот бил преголем за да се спречи.

„И сто апарати да имаше немаше да спасат ништо. И 100 хидранти немаше да спасат. Може евентурално да имало надвор хидрант да имало надворешен, со потребниот притисок на вода и количина, евентуално да може да се интервенира, но, не можело да се спаси во овој случај во Кочани, затоа што апаратите се наменети за мали и почетни пожари“, вели Ефрим Гиевски дипломиран инжнер за пожари од „ЛАМСТОП“..

Познавачите велат дека противпожарниот апарат не е само превентивно средство за лична безбедност, туку и средство за заштита на домовите, деловните простории и автомобилите и потребно е секој да го поседува. Поседувањето ваква опрема може да послужи за почетно гаснење на пожарот за да се спречи неговото натамошно ширење, но и за трасирање пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата што е зафатена со пожар.