Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Искусни пожарникари апелираат да не се штеди на безбедноста во угостителските објекти

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија,катастрофалниот пожарот во Кочани кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија,катастрофалниот пожарот во Кочани кој однесе 59 млади животи треба да не научи и освести дека секој треба одговорно да си ја вржи својата работа. Охриѓанецот Коста Кузманоски кој  целиот свој работен век го поминува како пожарникар, отворено зборува за тоа какви матерјали се користат при изградба и уредување на угостителските објекти речиси секаде во Македонија.

 “Многу треба  големо внимание да се обрне на објектите кои што можат да соберат многу посетители тука има прописи за кои гледаме дека не се придржуваат.Прво треба да има повеќе влезови, излези, треба да има хидрантска мрежа, треба да има пп апарати, треба да има лица кои што знаат да ракуваат со пп апарати.Е сега каде повеќе, каде помалку, секаде по нешто фали,никаде не е комплетно.Угостителските објекти горат брзо затоа што пред се узградени со лесно запалливи матерјали.”-вели Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид

Со цел да се избегнат големи трошоци кога се инвестира во угостителски објекти се импровизира со небезбедни матерјали кои многу брзо горат и за 5 до10 минути можат да го претворат локалот во пепел.Особено внимание треба да се посвети на покривните конструкции во случај на пожар да имаат најмалку 30 минутна издржливост.Кузманоски потенцира и дека многу малку организаторите на коцертите поднесуваа барања до противпожарните единици за обезбедување на настаните.

Реклама

“Обично кога има настапи избегаваат да не повикаат, само не известуваат меѓутоа по правило треба на секој таков голем настап да има противпожарна екипа заради безбедност на посетителите, особено кога имаме голем број на посетители на еден простор. Меѓутоа да речам дека 20 % само од настаните се покриени со барање”

Во име на охридската противпожарна единица, Кузмански со апел до надлежните да се направат детални контроли на сите угостителски објекти во Охрид,пред велигденските празници кои го полнат градот.Изминативе денови се проверуваа лиценците за работа на угостителските објекти низ државава.Беше истакнато дека во Охрид имало 4 објекти од кои 3 со важечки и еден без лиценца .Ова внесе забуна во јавноста бидејќи бројот на кабареа, ноќни клубови и дискотеки е многу поголем.Иако дел од нив сега не работат,но се актуелни во сезона,охриѓани апелираат да се спроведат контроли на сите до еден  угостителски објекти кои постојат во Охрид, да се провери дали сопствениците ги поседуваат сите потребни документи,оти од месец мај сите ноќни локали почнуваат со работа.

Новинар Росица Голабоска