Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Црвен Крст: Досега се собрани над 700.000 евра за помош на настраданите во пожарот во Кочани

Македонија покажа дека знае да биде хумана во време кога ги преживувава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија покажа дека знае да биде хумана во време кога ги преживувава нејзините најцрни денови. Досега преку фондот за солидарност на „Црвениот крст“ и броевите за донации се собраа речиси четириесет и три милиони денари помош за семејствата кои ги изгубија најмилите и за повредените во трагедијата во Кочани. На отворената сметка од „Црвениот крст“ постојано се влеваат финансиски средства, од компании, граѓански организации и од дома, но и од странство. Од наредната недела парите ќе се префрлат на семејствата на трагично загинатите и повредените.

„Подготовките ги започнуваме денеска и очекуваме од наредната недела да можеме полека да започнуваме со реализација на оваа прва фаза. Понатаму како ќе пристигнуваат средствата на фондот за солидарност, онлајн донациите и телефонските броеви, втората фаза ќе ја објавиме, колку се собираат средства и каде тие ќе бидат дистрибуирани“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст.

Стигнуваат донации и во вид на материјални добра, како ќебиња и постелнина кои од следната недела ќе бидат донирани на болниците во Скопје, Штип и Кочани. Од „Црвениот крст“ со апел до граѓаните да бидат внимателни со донациите и да не наседнуваат на измами, бидејќи на социјалните мрежи има случаи на лажно претставување како роднини на починатите и повредените, барајќи пари од хумани луѓе.

Реклама

„Би сакала да апелирам граѓаните кои во моментот имаат потреба од помош и поддршка и се дел од овој настан да внимаваат каде ги кажуваат објавуваат своите лични податоци, нивната трансакциска сметка и лична карта. Бидете внимателни затоа што не сите луѓе подеднакво ја гледаат оваа криза. Без разлика дали се тука или надвор од државата“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст.

Дваесет и четири мобилни екипи на црвениот крст и повеќе од 100 волонтери во моментов даваат поддршка на семејствата на загинатите и повредените во пожарот. Црвениот крст од вчера формираше и група од психолози кои во наредниот период ќе работат со членови на семејствата и со сите млади погодени од трагедијата. Досега се пријавени 60 волонтери кои ќе соработуваат со комората на психолози, и ќе се стават на располагање на сите граѓани кои имаат потреба за разговар и утеха.