Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Измамници се претставуваат како роднини на жртвите, Црвениот Крст со апел да се внимава каде се донираaт пари

Здраво златен човеку. Да те замолам. Се работи за 17 годишно дете,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здраво златен човеку. Да те замолам. Се работи за 17 годишно дете, кое ќе го погребаме. Собираме донации, па дали ќе сакаш да помогнеш да донираш. Вакви повици за донации сè почесто ги добиваат граѓаните од Македонија, но и во странство, од измамници кои сакаат да ја искористат трагедијата во Кочани за да изнудат пари.

Се претставуваат како блиски до семејствата на настраданите и повредените па на тој начин ја користат хуманоста од оние кои сакаат искрено да помогнат. Еден ваков обид за измама доживеал и Воислав Дабевски кој живее во Осло. Откако понудил помош за семејствата чии блиски се лекуваат во Норвешка, добил повик од профил кој се претставил како Филип Мицевски, 20 годишниот син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот.

„Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници и тогаш почнав да се сомневам“.

Реклама

Дабевски откако добил фотографија на пасош од лажниот профил забележал по годината на раѓање дека станува збор за 30 годишен маж, а не 20 годишно момче.

„Во меѓувреме, се распрашав по пријатели за да проверам дали приказната е вистинита и како што претпоставував, беше целосна измама. Затоа, бидете внимателни! Во светот има измамници кои ќе се обидат да ја искористат вашата добрина. Но, јас и понатаму верувам – добри луѓе постојат!“.

На ваквите измами алармираат и реагираат од Црвениот крст. Граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а сите кои сакаат да помогнат со донации, тоа да го направат на официјалната сметка на фондот за солирадност.

„Имаме многу лоши коментари на социјалните медиуми. Лажни профили на луѓе кои се претставуваат дека се членови на семејствата. Навистина е тоа загрижувачко, заради тоа што, тоа не е олицетворение на народот кој што живее во оваа држава. Сите заедно треба да се бориме против ваквите појави“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Македонија.

На официјалната сметка за донации, но и со вртење на бројот 143-400 досега се собрани, речиси триесет и пет милиони денари помош за семејствата на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани.