
Властите прават напори на повредените да им се прави трансплатација на кожа во Македонија, откако ќе се вратат дома и ќе продолжат со лекувањето. Надлежните веќе стапиле во контакт со холандска банка за кожа и во моментов на пластична хирургија се прават пресметки и анализи како во наредниот период би се вршеле трансплациите. На клиниката Папаниколау во Солун веќе е извршена трансплатација на еден повреден од трагедијата во Кочани, но директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски, најави дека се прави координација како во иднина ќе се вршат трансплатациите.
Клековски посочи дека претходно во Македонија годишно имало околу 100 изгореници и тоа вклучува од сите можни причини како што се и изгореници од топла вода и пегла. Изгорениците од пожар се од најголем степен и досега преку фондот во последните 10 години пратени се само 5 луѓе на лекување во странство со изгореници од највисок степен. Големиот број на повредени во пожарот и тешките повреди биле причина поради која е одлучено да се испраќаат пациентите во странство.
Инаку во Македонија постоеја Центри за изгореници до 2016 во Стара градска болница, и во Воената волница во Скопје. Директорот на Фондот рече дека потребна е анализа дали овие центри треба повторно да заживеат бидејќи не станува збор само за техничка опрема туку потребни се и хирурзи кои секојдневно работат вакви операции и имаат искуство. Дури поголеми и поорганизирани земји од нас немаат вакви центри. Досега нашите пациенти се лечеле во центрите во Солун и Софија.

Во Македонија на помош пристигнаа специјалисти од Чешка и Израел. Се очекува лекарски тим од Британија да пристигне наскоро за да им помогне не македонските лекари.
