Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Вкупно 29 повредени Македонци на лекување во Србија

Дванаесет млади луѓе на возраст од 18 до 27 години, беа итно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесет млади луѓе на возраст од 18 до 27 години, беа итно префрлени во Белград со воен авион на Србија. Меѓу најтешко повредените е 18-годишна девојка, која е со изгореници на 24 проценти од нејзината кожа. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ при посета на повредените Македонци кои се наоѓаат на Воено-медицинската академија (ВМА) најави дека стигнуваат таму уште 12 пациенти, односно вкупно 29 ќе бидат во Србија.

„Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интезивна нега со подобри услови од овде во Белград… Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Кочани. Девет од нив лежат овде во Клиничкиот центар. Прво посетив двајца, а потоа заедно посетивме седум. Последното лице што го посетивме е во животна опасност, а другите не се“ вели Александар Вучиќ, претседател на Србија

За животите на хоспитализираните Македонци борбата и во Србија е силна. Според докторот Милан Стојичиќ, најголем дел од пациентите се со 30 проценти изгореници, и имаат оштетувања на респираторните органи.

Реклама

„Повредите со кои се здобиле пациентите се главно изгореници, кои зафаќаат меѓу два и 28 отсто од површината на телото, а повеќето пациенти покажуваат симптоми на оштетување поради отровните гасови произведени за време на пожарот. Исто така, некои од повредените имаат изгореници на горниот респираторен тракт, поради вдишување топол воздух. Тешко е да се процени прогнозата кај пациенти со изгореници “ кажа Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници во Србија

Во меѓувреме за Македонија полета уште еден авион на вооружените сили на Србија со четворица лекари и четворица медицински техничари. Планирано е со авионот да се пренесат 12 пациенти, соопшти српското Министерство за одбарана.

Давид Крстевски