Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Во охридската болница после половина век конечно се набавени нови основни медицински инструменти

По цели две децении, конечно во охридската општа болница се набавени нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По цели две децении, конечно во охридската општа болница се набавени нови хируршки инструменти.До сега хирурзите, гинеколозите и уролозитеработеле со стари и дотраени инстументи кои поради недостаток, се разнесувале од едно на друго одделение,што само по себе ја отежнувало и комплицирало работата на докторите.За овој краток период од нецела годиназа прв пат се набавени нови основи хируршки инструменти во вредност од 30.000 евра. Новоименуваниот директор потенцира дека на секое одделение недостасува барем по еден освен апарат,постојните се стари и по 30 години.Некои од апаратите се толку застарени што повеќе не се употребуваат во нити една друга болница.

 “Пример дигитален РТГ апарат ние сме можеби и последната болница во нашава држава што се служиме со аналоген РТГ апрат.На интеното одделение неопходна е набавка на нов гастроколоноскоп, на хируршкото одделение покрај инструменти, треба под итно да се набават нови стерилизатори односно автоклави затоа што и тие се по 30 години стари.Самите одделенија функционираат со 30 % капацитет само заради недостаток на некои основни апаратури и сретства”–вели Маркоски,директор на општа болница Охрид

 Од неодамна после 2 години повторно работи и одделнието за патологија кое не функционирало поради недостаток на опрема, а сега е опремено од 4 нови апрати.Она што претставува товар, е наследениот долг од околку 2 милиони 730.000 евра, кој се влечел години наназад.За да не го дотолчи функиционирањето на установата,со крајни заложби, за 9 месеци од именувањето на новите челници, долгот е намален за 570.000 евра,но основниот долг останува.

Реклама

 “Морам да напомнам дека не е блокирана сметката, ликвидна е, меѓутоа побарувањата се огромни и сите сретства што ги добиваме од буџетот од ФЗОМ кои што ни се наменети,буквално одат за раздолжување односно за побарувачи”– вели д-р Горан Маркоски,директор на општа болница Охрид

Моја амбиција вели Маркоски,е целосно да се исчисти долгот,за да останат пари меѓудругото и за набавка на нова опрема.