Ситуацијата со Охридското езеро е повеќе од алармантна,дното на најстарото езеро во Европа,е послано со отпад. Нуркачите кои го познаваат како дланката на својата рака, во нивното четири децении постоење, не можат да го исчистат сето ѓубре кое охриѓани без трошка совест го фрлаат во езерото.
„Сигурно нема да дојде некој од друг град да фрли тепих или машина за перење.Тоа го фрла охриѓанец, не ќе дојде од друг град да носи тепих во Охрид па ќе го фрли во Охридското езеро.Така да мора и државата да има некои поригорозни казни или друг начин да се заштити Охридското езеро”, вели др Горан Балевски, претседател на Клуб за подводни дејности Охрид
„Се извади доста црст отпад од пластики, стакло,дури шпорети, кајчиња искршени.Колку што можеме секоја година се работи.Па не знам дали се менува свеста,секоја година е се поаларманто и поаларманто,се повеќе и повеќе има отпад”-вели Емил Јовановиќ- Клуб за подводни дејности Охрид

Низ годините и покрај сите предизвици и притисоци нуркачите реализирале бројни еколошки акции,удавено во смет е и езерското дно во најубавите крајезерски предели.
„На голема жалост ние последните години тие делови што сметавме дека се најчисти, излегоа дека и тие се доста загадени.Воглавно го чистевме градското пристаниште, стариот дел.Последните години сме префрлени од Пештани до Свети Наум каде што имаме страшно многу загаденост, страшно многу отпад”, вели Балевски
Ништо подобра не е состојба ни во останатитеводените пространства низ Македонија.
„Еколошки акции имаме ние на кањонот Матка заради тоа што таму има многу туристи и многу фрлаат ѓубре во водата и редовно тоа го чистиме.Пробуваме да најдеме на некој начин соработка со приватни компании чии производи се фрлаат во водата,финансиски да не поддржат но многу малку наидуваме на таква спремност, така да сами си инвестираме и сами си финансираме”, вели Слободанка Јакимовска,Спелео нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје
Природата ни го дала најголемото богатство,езеро со чиста вода каква што нема никаде во светот,велат нуркачите кои упатија апел пред се’ до охриѓани,со своето однесување да ја покажат љубовта и грижата за Охридското езеро.
Росица Голабоска
